Мицкоски со силна порака за Кичево и кичевчани: Победи соживотот и вербата во вредности

November 2, 2025
2 mins read

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва испрати силна порака за победата во Кичево.

-Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека никој не е посилен од народот . Покажавме што можеме кога сме обединети. Таму соработувавме различни вери, различни припадности, против оние кои го влечеа градот надоле. Ова ја отвора вратата дека можеме да се обединиме Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати, Христијани и Муслимани, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите околу вредностите и во онаа политика која им е потребна на граѓаните. На ова треба да работиме.  Победи соживотот и вербата во вредности. Ова е голем и важен пример колку можеме да постигнеме кога сме обединети.

Победи идејата дека Македонија е дом за сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати., рече Мицкоски.

На кичевчани им порача дека е со нив и дека Кичево мора да биде во владиниот фокус.

-Драги кичевчани јас сум со вас, и Кичево периодот што следи мора да биде и во владиниот фокус. Падна митот дека Кичево е нивно или наше, мала или голема општина. Кичево е на кичевчани. Победи надежта дека иднината не се гради со поделби, туку со почит и заедничка работа. Таа победа не е само локална, таа е симболична. Таа зборува за Македонија што созрева, за народ што не се плаши да се обедини околу вредностите, а не околу поделби. Таа покажува дека народот е поголем од политиката и дека верата во подобро утре е посилна од секој страв. Драги пријатели, помина и времето на локални шерифи, итромани кои градеа кариера преку малверзации, ситни манипулации со децении се шалтаа од еден во друг ќош само за да политички преживеат, тоа време вечерва завршува и во скопски Карпош. Тоа е порака до сите оние кои со нечесни подземни игри мислеа дека ќе го излажат народот. Епа вистината им се распрсна пред очи. Бомбата која ја спремаа за други им прсна во рака. Исто така, дозволете ми почитувани сограѓани, да кажам дека овој резултатот е порака до СДСМ, морам да признаам дека не сум среќен поради нивниот дебакл. Но, тој е одраз на реалноста дека оваа партија не се реформираше и не фати чекор со времето. Вечерва не славиме против некого. Славиме за Македонија. Славиме за новата енергија што ја движи државата напред, за работата, за ред, за одговорност. Секој глас што го добивме е доверба, но и обврска. И со одговорност пристапувам кон секој даден глас. Секои избори се порака, и овие избори се порака и до нас, да не се забегува во победата, туку да се носиме со одговорноста дадена од граѓаните и да ја оправдаме. Да се менуваме и подобруваме. И таа порака е разбрана. Обврска да продолжиме уште посилно, да не се опуштиме ниту еден ден, и да ја претвориме надежта во конкретни резултати. Да покажеме дека чесноста и трудот победуваат, дека политиката може да има достоинствено лице, и дека Македонија може да биде пример на соживот, ред и напредок. Од Кичево до Скопје, од Битола до Куманово, од Охрид до Штип, ова е истата порака: време е за обединување, време е за работа, време е за Македонија што верува во себе, рече Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орце Ѓорѓиевски: Благодарен сум на скопјани за довербата – нема да ја изневерам

Следно

Антони ја “скрши“ Мајорка!

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop