„Метаморфозис“: Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

May 21, 2025
2 mins read

Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи – политичка волја, усогласеност во делувањето, координација и акција како и здружување ресурси и зголемување инвестиции во решавањето на проблемот. Ова се само дел од заклучоците и препораките кои се дел од „Документ за позиција: Патоказ за заштита на демократијата од информациски закани“, кои беа претставени денеска на брифинг со новинарите во Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, која заедно со Мрежата против дезинформации за Балканот (АДН-Балканс), низ процес на широки консултации преку соработка со меѓународните и регионалните партнери, решението го наоѓа во сопфатниот пристап на целото општество. За таа цел, како што беше посочено на брифингот, изработен е патоказ за заштита на демократијата од информациски закани.

„Системската злоупотреба на информацискиот простор преку дезинформациски кампањи ја зголемува ерозијата на јавната доверба што ја доведува до криза на демократскиот систем. Западниот Балкан, како еден од најранливите региони во Европа, се соочува со сериозни предизвици во зачувувањето на интегритетот на демократските институции и процеси, поради отсуството на регулатива усогласена со европските стандарди и недостаток на координирана акција на демократските актери, за зачувување на демократските институции“, се наведува во резимето на документот.

Уредници на документот се директорот за партнерство и развој во Фондацијата Метаморфозис, Филип Стојановски и Светлана Силјановска, специјалистката за стратешки комуникации.

Силјановска истакна дека напуштен е концептот на гледање на дезинформациите низ призма на медиуми, тие се третираат како демократски закани, а нивната цел е нарушување на демократскиот поредок.

„Идејата за политичка или партиска етикета на дезинформациите е надрасната. Изработивме патоказ со неколку елементи кои ни служат како насоки. Ако постои регионална Стратегија за дезинформации, треба да има и Стратегија за справување со дезинформации. Во документот имаме три приоритети – зачувување на интегритетот на изборите, зачувување на демократијата и правото на граѓаните за носење информирани одлуки, како и демонетизација на дезинформации и зајакнување на информациски интегритет“, рече Силјановска.

Стојановски информира дека до надлежните уште пред неколку години бил поднесен предлог од граѓанските организации со кој намерата била да се почне процес на градење Национална стратегија за градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите. Тој посочи дека државите кандидатки за членство во Европската Унија се обврзани да развијат такви механизми. Потенцира дека иако иницијативата била прифатена и од претходната и од тековната влада, до денеска, нема информација дека надлежните започнале процес на градење таква Стратегија.

„Идејата беше тоа да биде документ за политики и план со конкретни чекори, со цел да ѝ се помогне државата и практично, а и за да напредува во процесот на евроинтеграции“, рече Стојановски потенцирајќи дека оваа иницијатива била позитивно оценета во Извештајот на Европската Комисија за 2024 година како единствен таков чекор на ниво на Западен Балкан.

Во документот се наведени и препораки за меѓународни организации и чадор тела, за државните институциите од Западен Балкан, за практичари кои се справуваат со информациски закани и манипулации, за медиумите и медиумските организации, за мрежи на практичари, како и препораки за академската заедница.

-Долгорочната отпорност на Западен Балкан може да се изгради само преку единствена регионална стратегија, буџети сразмерни на оние на антидемократските актери, политичка волја и координирана акција. Наспроти фрагментираното делување, ваквиот пристап обезбедува колективен одговор на системска закана кој ќе даде посилен ефект, и ќе почне да ја зајакнува довербата во демократските институции од граѓаните штитејќи го нивното право на носење на информирана одлука како темел на демократскиот процес, пишува во документот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руте: Ако Путин повторно нападне одговорот ќе биде разорен

Следно

Претседателката го предлага Трајко Славески за нов гувернер

Latest from Blog

„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

ФОТО:x.com/Footballtweet Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето

Во кои европски земји се намали, а во кои се зголеми продажбата на куќи?

Во изминатите две години, бројот на продадени куќи во Хрватска драстично се намалил. Како што објави во понеделник европската статистичка служба Евростат, минатата година продажбата на куќи во ЕУ се зголеми во

Меџити: Чаир се гради со работа, а не со зборови

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека летниот период се користи за забрзување на инфраструктурните проекти и завршување на работите со што помалку пречки за граѓаните. „Летото не е сезона за

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е
Go toTop