Русија: Спречени напади со беспилотни летала на Крим

March 1, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Руското Министерство за одбрана денес соопшти дека системите за противвоздушна одбрана на земјата спречиле напади на украински беспилотни летала врз воени објекти на Крим, јавува Анадолу.

Портпаролот на Министерството, Игор Конашенков, изјави дека биле соборени шест беспилотни летала, а уште четири биле неутрализирани по електронски пат.

„Немаше жртви и разорувања“, истакна Конашенков.

Тој додаде дека уште 15 беспилотни летала биле соборени во борбената зона во источна Украина.

Во март 2014 година, Русија го анектира украинскиот полуостров Крим, што беше осудено од Генералното собрание на Обединетите нации, Европската Унија и САД.

Руските власти вчера објавија дека имало повеќе обиди за напади со беспилотни летала во неколку региони кои граничат со Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган упати порака со сочувство до Мицотакис и Сакеларополу за железничката несреќа

Следно

Двајца мажи се степале во Илинден

Latest from Blog

Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите – политичката борба не е лиценца за клеветење

Категорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат
Go toTop