Шанси за мир?

May 20, 2025
1 min read

Мали се шансите за постигнување мир во Украина. Ова го велат светски експерти по двочасовниот телефонски разговор кој го имаа претседателите на САД и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин.

Трамп соошти дека Москва и Киев „веднаш“ ќе почнат разговори за прекин на огнот, додека Путин  рече дека разговорот бил многу суштински и доста отворен и додаде дека Москва ќе подготви меморандум со предуслови за прекин на огнот. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров потсети на цврстата позиција на Русија за „праведно решавање на украинската криза создадена од Западот“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Москва и Киев се соочуваат со тешки преговори насочени кон формулирање на унифициран текст на меморандум за мировен договор и прекин на огнот. 

„Двете страни ги формулираат своите нацрт-документи, кои ќе бидат разменети. Потоа следуваат низа сложени контакти за да се дојде до заеднички текст. Нема утврдени рокови за завршување на овој процес и не може да има. Сите сакаат тој да биде завршен што е можно поскоро, но проблемот е во деталите.“ – Дмитриј Песков портпарол на Кремљ. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е очигледно дека Русија се обидува да купи време за да ја продолжи војната и окупацијата во Украина. „Киев е подготвен за секаков формат на преговори кој носи резултати. Ако Русија продолжи да поставува нереални услови и да го поткопува напредокот, мора да има сериозни последици, рече Зеленски. 

„Работиме со нашите партнери за да се осигураме дека притисокот ќе ги принуди Русите да го променат своето однесување. Санкциите се важни и им сум благодарен на сите што ги заоструваат за оние што се одговорни за оваа војна.“ – Володимир Зеленски претседател на Украина.

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека ЕУ го усвоила 17-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон речиси 200 бродови од таканаречената руска „флота во сенка“. 

„Новите мерки, исто така, се однесуваат на хибридните закани и човековите права. Во подготовка се дополнителни санкции против Русија. Колку подолго Русија води војна, толку поостар ќе биде нашиот одговор.“ – Каја Калас висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика. 

Во меѓувреме, воените дејствија меќу Русија и Украина не престануваат, а Киев почна со евакуација на повеќе од 200 локации во областа Суми во близина на границата со Русија поради можност од нова офанзива од страна на Русија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Селими во Аргумент плус: Доколку нема легитимитет кај албанските политички партии можни се предвремени парламентарни избори

Следно

Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да освојувам Гренд слем титули

Latest from Blog

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop