Селими во Аргумент плус: Доколку нема легитимитет кај албанските политички партии можни се предвремени парламентарни избори

May 20, 2025
1 min read

Политичкиот аналитичар Сефер Селими во Аргумент плус рече дека, нефункционалноста на „Вреди“ била присутна од почетокот на формирањето на коалицијата.

Според него, постои недостаток на отчетност од Таравари.

„Цел процес за мене е почнат наопаку. Ние имавме креирање на коалиција во последен момент без јасно дефинирани позиции посебно Таравари. Грешката се направи и од страна „Вреди“  и од Мицковски кој уште пред да завршат изборите тој одреди кој ќе ги претставува Албанците без да слушне кој се нивни претставници. „Вреди“ не функционира.  Гледавме различни ставови од почеток. Тоа се гледаше од многу порано дека таа коалиција нема хемија и нема добра планирана стретагија врз која се усогласени сите ставови“, рече Селими.

Тој зборуваше и за тоа дека доколку нема легитимитет кај албанските политички партии можни се предвремени парламентарни избори.

„Ако имаме предвид дека ни претстојат локални избори, а од друга страна имаме неприфатен легитимитет од страна на албанските политички партии се гледа можноста да имаме предвремени парламентарни избори. Тоа е нова енергија и препозиционирање на политичките партии“, додаде Селими.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпанската Влада бара Израел да биде исклучен од меѓународните спортски натпревари

Следно

Шанси за мир?

Latest from Blog

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop