Мицкоски и Сиљановска Давкова уште не можат да го стокмат името на кандидатот за гувернер на Централната банка

May 19, 2025
1 min read

Нема несогласувања со претседателката на државата околу предлогот за гувернер на Централната банка, изјави премиерот Христијан Мицкоски, откако денеска до македонското Собрание не стигна педлогот кој веќе беше најавен.

„Добив информација од претседателката дека оваа недела ќе биде испратен предлогот во рамките на Собранието. Знам дека претседателката имаше одредени консултации во текот на викендот. Претпоставувам дека деновиве ќе треба уште еднаш да се видиме, да поразговараме и потоа сум сигурен дека до крајот на неделата или во рамките на оваа недела, точно би требало од кабинетот на претседателката да дадат одговор, кога ќе биде испратен предлогот за нов гувернер, појасни премиерот. 

Мицкоски негира дека постојат некакви несогласувања со претседателката во однос на кандидатите за избор на гувернер. 

„Не сме разговарале за кандидат. Сме разговарале за кандидати. Нема несогласувања“, рече Мицкоски.

Претседателката Давкова се уште размислува кој да предложи за нов гувернер на Централната банка. Побарала уште два три дена пред да донесе конечна одлука. Вчера разговарала со тројцата кандидат –  Ставревски, Славевски и Бежоска, вели дека сите се исклучителни и кој и да предложи уверува дека ќе биде извонреден гувернер.

„Иако најавив дека денеска до Собаранието ќе го доставам предлогот за иден гувернер, побарав уште неколку дена да ги разгледам биографиите. Вчера разговарав со тројцата кандидати поедничено по саат, час и половина и верувајте сите се исклучителни. Јас ве уверувам дека кој и да изберам ќе биде извонреден“, изјави претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Мандатот на актуелната гувернерка истекува утре. Но законот за Народна банка предвидува  таа да остане на функција се до изборот на нов. Бежоска не сакаше да открие дали очекува уште еден мандат. 

Одолговлекувањето на изборот на клучниот човек кој ја крои монетралната политика, за опозициската СДСМ е доказ дека  власта  притиска за кандидат од нивната партија. 

Мандатот на гувернерот на Народната банка трае 7 години., со можност за уште еден реизбор. Ја има клучната улога  да ја чува стабилноста  на денарот  и  банкарскиот сектор. Законот бара гувернерот да биде независен, односно да не е член на  политичка партија или синдикат, како и да нема сопственост на капитал во финансика институција.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трасиран патот за реформите согласно пакетот за поддршка од ЕУ

Следно

Чаир започна со чистење на отпадот – Град Скопје ја сопре иницијативата

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени
Go toTop