Чаир започна со чистење на отпадот – Град Скопје ја сопре иницијативата

May 19, 2025
1 min read

Општина Чаир презеде иницијатива за чистење на отпадот на нејзина територија. Според градоначалникот, Висар Ганиу, со ова сакале да му помогнат на Град Скопјe во одржувањето на хигиената.

Додава дека градот не ги исполнува своите обврски во управувањето со отпадот, наведувајќи го како пример намалувањето на бројот на контејнери од 530 на само 320. Сепак, акцијата беше прекината од страна на Градот Скопјe, со образложение дека управувањето со отпадот во Чаир е надлежност на градот, а не општината.

„Денес потпишавме договор со приватна компанија за собирање отпад кој е надвор од контејнерите, што се нарекува рефус. И што се случува!? Првиот ден кога камионот зад нас почна да работи, и вие сте сведоци дека не помина ниту еден час откако објавив дека почнуваме да работиме и дека Чаир ќе биде чист. Бидејќи и ние ќе помогнеме, без да се занимаваме со градот Скопјe, без да се занимаваме со дотичната компанија. Односно, Градот Скопјe веднаш го испрати инспекторатот, го блокираше камионот, повика полициска помош, а сега сакаат да го конфискуваат камионот. Од свои причини, кои ние не ги знаеме“, вели Висар Ганиу.

Од ЈП на Град Скопје Комунална хигиена велат дека Ганиу треба да каже каде го фрла отпадот. Бидејќи нема договор со санитарната депонија Дрисла.

„Ганиу треба да каже каде го фрла ѓубрето што го собира, бидејќи нема склучен договор со единствената санитарна депонија Дрисла.  Јавното претпријатие Комунална Хигиена редовно ги извршува своите работни активности според оперативниот план на Советот на Град Скопје, а одлуките на Комунална Хигиена ги носи управниот одбор на претпријатието поставен од коалицијата ВМРО ДПМНЕ-ВЛЕН“, вели Сабахудин Реџепи.

Инаку во последните неколку дена Чаир се давеше во отпад фрлен и надвор од контејнерите, нешто што во континуитет ја загадува животната средина.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски и Сиљановска Давкова уште не можат да го стокмат името на кандидатот за гувернер на Централната банка

Следно

Сити се откажа од Флоријан Вирц

Latest from Blog

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клуч за економски развој и регионално поврзување

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Перез: Против нас се водат планирани напади, нема да си одам, останувам претседател!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, објави дека нема намера да ја напушти функцијата. 79-годишниот функционер, исто така, ги негираше извештаите дека има сериозна болест. „Многу ми е жал што морам да
Go toTop