Трасиран патот за реформите согласно пакетот за поддршка од ЕУ

May 19, 2025
1 min read

Националниот механизам за реформската агенда е мапа за трансформација и визија за иднината преточена во конкретни чекори. Преку него ќе ја отвориме вратата за системски дијалог меѓу институциите и граѓаните а европската перспектива ќе ја претвориме во конкретна реалност. Ова денеска го истакна министерот за европски прашања Орхан Муртезани на првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда.

Муртезани објасни и дека Реформската агенда 2024/27 за Македонија е веќе препознаена во Брисел, не како политичка реторика, туку како сериозен реформски напор. Според него, потврда на нашата водечка улога во регионот, е барањето до Европската комисија за ослободување на 17,1 милион евра за имплементација на конкретни реформски чекори. 

Овие мерки се само дел од реформската агенда која носи дополнителен финансиски поттик од 750 милони евра за Северна Македонија. Дел од овие средства се за директна буџетска поддршка, а значителен дел е наменет за инвестициски проекти и социоекономски развој, со јасна врска меѓу реформите и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Паралелно веќе се работи на 16 нови чекори со рок јуни 2025 година, вредни над 70 милиони евра. Сето ова докажува дека веќе почнуваме да ги чувствуваме придобивките од членството уште пред формално да станеме членка на ЕУ

Бен Нупнау, заменик-шеф на мисија во Делегацијата на ЕУ, истакна дека транспарентноста и отчетноста се од витално значење за успешни реформи и инвестиции во рамки на Инструментот на раст. Според него, реформите имаат за цел да ја зголемат конкурентноста на Македонија, да создадат нови работни места и подобри услови за граѓаните.

Ние сме на почетокот на реформите и оценувањето за првите шест месеци е веќе во процес и овој состанок е точно на време. На овој пат имаме свои предизвици, и треба да овозможиме граѓанските организации да придонесат и одблиску да го мониторираат процесот за да се осигураат дека се оди како што треба. Реформските приоритети и предизвици се од голема важност исто така и градењето на партнерства со Владата и ЕУ за да имаме редовни системски механизми за мониторирање кои ќе имаат нивен фидбек од сите вклучени страни и да се осигураме дека има реформи кои се случуваат, а дека финансиите се насочуваат таму каде што треба и ако има непредвидени пречки тие да се адресираат

Националниот консултативен механизам е дел од тригодишниот регионален проект „Следење реформи и раст во Западен Балкан“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потпретседателот на САД го откажа патувањето во Израел поради Газа

Следно

Мицкоски и Сиљановска Давкова уште не можат да го стокмат името на кандидатот за гувернер на Централната банка

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример

„Редовно се исплаќаат субвенциите на земјоделците“, истакна Трипуновски

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство вечерва во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 демантираше дека на земјоделците им се должат 100 милиони евра. „Не знам од каде калкулациите дека се должат 100 милиони

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0.
Go toTop