ПЛИКОА И РАЗГЛЕДНИЦИ СО 66 НАРОДНИ ХЕРОИ ОД НОБ ИЗДАДЕ СОЈУЗОТ НА ФИЛАТЕЛИСТИ ЗА 75-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

May 18, 2025
1 min read

Пликови и разгледници со ликовите на 66 народни херои издаде Сојузот на филателистите на Македонија, како дел од повеќегодишниот филателистичко-историски проект „Народните херои од Народноослободителната борба од Македонија 1941-1945“.

Димитар Белчев, претседател на Извршниот одбор на Сојузот, за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека во 2020 сакале со некој проект да го одбележат јубилејот, седумдесет години од основањето.

„Пандемијата наметна ограничувања за собири, па се насочивме кон 75-годишнината, која e годинава. По традиција, Сојузот настојува значајните датуми од нашата историја и од општествениот живот да ги проследи со соодветна филателистичка активност. Затоа во текот на 2021 го започнавме овој проект во соработка со Сојузот на борците на Македонија, кога изготвивме листа на сите 66 народни херои од Македонија во Народноослободителната борба, за проектот да добие повеќегодишна димензија“, вели Белчев.

(Фото: К. Попов)

Целта на проектот е да се остави во наследство за следните генерации споменот на делото на народните херои  преку соодветен филателистички материјал. Во соработка со Сојузот на борците на Македонија поставиле два основни критериуми: сто години од раѓањето и осумдесет години од загинувањето на херојот.

Проектот почнал во 2021, кога биле издадени седум спомен-пликови со стилизирани ликови на седум народни херои. Издадени се Пригодни пликови за одбележување на стогодишнината на раѓањето и Пригодни разгледници, поединечни или групни за одбележување на 80-годишнината од загинувањето.

Пликоата со поштенски марки/Пликото за Крсте Црвенковски, за кое е искористена карикатурата од Василие Поповиќ-Цицо. (Фото: К. Попов)

Пликовите и разгледниците во ограничен тираж се проследени со специјален пригоден печат и поштенска марка, најчесто јубилејна или со мотив од родното место на херојот.  Тоа се стандардни пликови и разгледници на кои се отпечатен ликовите на хероите, дела на наши ликовни уметници. Тие биле дигитално обработени од повеќе уметници, најчесто од членовите на семејставата, а од 2022 година автор е графичкиот дизајнер Зоран Кардула.

Пликот е придружен со вообичаени филателистички податоци според меѓународни правила.

(Фото: К. Попов)

„Во соработка со АД Пошта на Северна Македонија, овие пликови се украсени со македонски поштенски марки со слики од родното место на херојот или со други соодветни мотиви. Издадени се по 24 примероци, 12 даваме на семејставата и институциите, а 12 остануваат за нас филателистите“, вели Белчев.

Програмата за проектот ја составиле според податоците од монографиите „Народните херои на Југославија од Македонија“ во издание на „Култура“ од Скопје и „Народните херои на Југославија“ во издание на „Народна книга“ од Белград.

Белчев вели дека оваа колекција, изготвена според меѓународни филателистички правила, ќе биде претставена во спомен-брошура која ќе ја издадат со сопствени средства.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Момче од ресенско возело со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка

Следно

Уапсен охриѓанец осомничен за грабнување – барал пари за ослободување на семејство

Latest from Blog

Димитровски: Битола добива нова инфраструктура и модерни спортски капацитети

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека во првите шест месеци од новиот мандат на градоначалникот Тони Коњановски, општината се фокусирала на реализација на ветените проекти, за кои била обезбедена значителна

Проданоски: Херојството од „Диво Насеље“ никогаш нема да биде заборавено

Со длабока почит денеска беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Ненад Серафимоски, најмладиот припадник на специјалната антитерористичка единица „Тигри“, кој на 9 мај 2015 година го загуби животот во настаните кај

Средношколец од Прилеп 4 години лажно се претставувал како наставник

Прилепската полиција поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат“. Пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик во

Исто како и лани: Ал-Келаифи повторно ќе води 500 вработени во ПСЖ на финалето во ЛШ!

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, уште еднаш ја демонстрираше својата дарежливост со гест достоен за восхит. Тој одлучи да ја повтори својата иницијатива од минатата година и да награди
Go toTop