Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

May 16, 2025
1 min read

Италијанската премиерка Џорџа Мелони беше дочеканасо голема љубезност од премиерот Еди Рама, кој исто така покажа гест на учтивост кон неа со отстранување на чадорот и клекнување на колена.

Таа реагираше со зборовите „Еди престани… Тој го прави ова за да биде висок колку мене“, рече Мелони, шегувајќи се.

Мелони беше прашана од новинарите дали планира да  го посети италијанскиот центар за имигранти во Ѓадр, на што одговори дека „не може да го посети денеска поради ограниченото време“, но додаде дека „работата таму продолжува“. Според неа, ова покажува дека работите се на вистинскиот пат.

-Немам време да навлегувам во детали, но работата продолжува, а ова исто така ја докажува брзината на работењето. Покажувајќи, како што ветивме, дека сме на вистинскиот пат, рече кусо таа. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Избори во следната година и пол, не сум добил никакво барање од никого

Следно

Затворска казна од година и пол за поранешните директори на тетовската модуларна болница

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop