Каранфилова Пановска во 24 анализа: Македонија е со блокиран европски пат

May 15, 2025
1 min read

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска во 24 анализа рече дека СДСМ со сите свои каапцитети стои на располагање за да помогне за одблокирање на процесот на пристапување во Европската Унија.

Според неа, потребно е сите политички партии да работат заедно за државата да има некаков напредок.

„Денешната посета на претседателот на Европскиот совет е уште еден индикатор дека ЕУ вложува напори дека Македонија треба да се придвижи на патот кон ЕУ. Изјавата на Кошта беше прецизна и доследна за тоа како Македонија треба да продолжи и тој кажа на двапати дека тоа што е договорено е договорерно и дека ние имаме обврска да испорачаме по договореното. Мислам дека ако се ислушаат внимателно неговите две изјави и ако се контекстуализира може да се прочита дека практично тоа што е договорено го потврдува патот и гаранцииите. Мицковски тоа што го кажа не покажува никаква разлика на нашите позиции односно дека нема намера ова мнозинство да направи ништо повеќе за да го одблокира процесот. Нашата позиција дека сме статус кво и дека сме со блокиран европски пат е валидна. Како гледаме на тоа, кажуваме дека сме во поддршка на се она што владата ќе успее да го обезбеди како подобра опција. Ќе поддржиме било каков прелдог во таа насока. Но гледаме дека такво нешто не се случува“, рече Каранфилова Пановска.

Таа објасни и дека СДСМ со првата меѓувладина конференција го отвориле процесот на преговарање.

„ЕУ е стартешко прашање за кое што идеално пристапување е да најголемите политички актери имаат договорени ставови затоа што тоа е трансформација на општеството и институциите и за тоа ни е потребно да конечно се вразумиме и да пробаме да ги слушнеме граѓаните и нивните барања. Преку глава им е од нашите препукувања. Владата на СДСМ со првата меѓувладина конференција во јуни дефакто го отвори преоцесот на пристапни преговори и тој треба да се случи во две фази. Пристапните преговори се отворени, не се отворени поглавјата и ние сме заглавени, преговорите се отворени бидејќи имаше и скрининг процес. Борбата е сега што да направиме и колку време треба да чекаме и колку време не чини тоа. За да го направиме овој чекор кој се бара за да влезем во следната фаза и во таа смисла СДСМ со сите свои капацитети  стои на располагање за да си помогнеме сите да го одблокираме процесот“, додаде Каранфилова Пановска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново блескаво издание на Томовски, сега во Бундеслигата!

Следно

Мицкоски: Утре е убав и голем ден за Македонија

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop