Захарова: Руската делегација пристигна во Истанбул, подготвена за сериозни разговори

May 15, 2025
1 min read

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска потврди дека руската делегација пристигна во Истанбул, каде се планирани разговори за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа руските медиуми.

– Како што е речено во повеќе наврати, руската страна е подготвена за сериозни преговори, а делегацијата на Русија пристигна во Истанбул и е подготвена за сериозна работа, истакна таа на прес-конференција во Москва.

Захарова потсети дека рускиот претседател Владимир Путин на 11 мај изнесе иницијатива за продолжување на директните преговори меѓу двете страни, предлагајќи преговорите да почнат без одлагање и предуслови со цел да се елиминираат суштинските причини за конфликтот и да се тргне кон воспоставување долгорочен, траен мир.

Руската делегација ја предводи помошникот на Путин, Владимир Медински, кој веќе ја предводеше групата руски преговарачи во Истанбул, во пролетта 2022 година кога беа прекинати директните преговори меѓу двете страни.

Во меѓувреме, украински официјален претставник изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по што ќе донесе одлука за учество во разговорите со руската делегација во Истанбул.

Во Истанбул за денеска се закажани преговори меѓу делегациите на Русија и Украина за прекин на огнот, за кои не е прецизирано кога ќе почнат.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УХМР: Утре врнежи од дожд, на повисоките планини повремен снег

Следно

Шпанија го ограничува пристапот до аеродромот во Мадрид за да спречи собирање на бездомници

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени
Go toTop