Судењето за „Беса транс“ одложено за 31 март

March 1, 2023
1 min read

Поради отсуство на застапникот на правното лице „Беса Транс“ како и претставник на Царинска Управа во Основниот кривичен суд Скопје, денеска повторно се одложи судењето за „Беса Транс“ во кое сопственикот на истоименото правно лице се товари за „фалсификување на исправа“.

Како што информираше Асмир Алиспахиќ, бранителот на обвинетиот Беким Хаџиу, претставникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, не се појави на денешното рочиште поради патување заради смртен случај од блиско семејство надвор од Република Македонија.

– Никој не можеше ова да го претпостави и затоа сега ве известуваме за причината за неговото недоаѓање и се надевам дека ќе имате разбирање, рече тој.

На денешното насрочено рочиште, по трет пат, не беше присутен ниту претставник од Царинската Управа на Република Македонија, кој, како што информираше Судот, бил уредно повикан и за кој нема ингеренции за присилно доведување, со што главната расправа се одложи за 31 март.

По одложувањето на насроченото рочиште, МИА се обрати до Царинската управа во врска со причината поради која нивен претставник по трет пат не доаѓа на ова судење, од каде добивме насоки да испратиме прашања преку електронска пошта на кои до објавувањето на веста не добивме одговор.

Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

– Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЌЕ ВИ СЕ РАСПАРА СРЦЕТО ОД ОВОЈ ДЕТАЉ ВО НОВНИОТ ДОМ – таткото кој ја држеше за раката мртвата ќерка доби на подарок целосно уреден стан, еве од кого (ВИДЕО)

Следно

Уапсено едно лице за железничката несреќа во Грција

Latest from Blog

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за
Go toTop