Честитки за победата до Рама од Лајен, шефови на држави и влади

May 14, 2025
1 min read

Победата на неделните парламентарни избори на албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, му ја честитаа поголем број премиери, шефови на држави но и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, која го нагласува напредокот на Албанија и ја потврдува позицијата дека таа припаѓа во ЕУ.

„Драг Еди Рама, честитки за вашата изборна победа! Под ваше водство, Албанија постигна голем напредок кон нашата Унија. Да продолжиме тесно да соработуваме на реформите. Албанија припаѓа на ЕУ! Со нетрпение очекувам лично да ви честитам утре во Тирана“, напиша Лајен.

Во објава на X, францускиот претседател Емануел Макрон го нарекува драг пријател и ја изразува поддршката на Франција на патот кон ЕУ, потсетувајќи го дека ќе биде во Тирана на самитот на лидерите на ЕУ што се одржува во петок.

„Честитки Еди Рама, драг пријателе, за твојата победа на парламентарните избори. Франција секогаш ќе биде покрај Албанија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Ќе се сретнеме во петок на Самитот на Европската политичка заедница и на посета што треба да ни овозможи дополнително да го зајакнеме нашето партнерство!“, пишува тој.

Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Неговото височество шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, му честиташе на премиерот на Албанија, Еди Рама, за победата на парламентарните избори, изразувајќи доверба во континуираниот раст на билатералните односи, потврдувајќи дека ОАЕ и Албанија ќе продолжат да работат заедно за да промовираат понатамошен развој во корист на двата нивни народа.

Британскиот премиер Кир Стармер победата на социјалистите ја нарекува историска, нагласувајќи дека со „нетрпение очекувам да продолжиме со заедничка работа за луѓето кои работат во двете наши земји“.

Убедливата победа, како што ја нарекува, на Рама му ја честиташе и унгарскиот премиер Виктор Орбан, наведувајќи дека „со нетрпение чека да се сретнат на историскиот самит во Тирана“.

„Драг Еди, со нетрпение очекувам да те видам овој петок во Тирана на она што би можело да биде историски самит на Европската политичка заедница“, нагласува Орбан.

Првата честитка за обезбедениот четврт последователен мандат, до Рама пристигна од италијанската премиерка, Џорџа Мелони а потоа и од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, премиерот на Шпанија, Педро Санчез, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Следната недела ќе имам повеќе информации за моите делувања по излегувањето на Таравари од Владата

Следно

Се проширија монтирани фотографии од визи на Заев и Филипче

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската ефикасност е најисплатливата инвестиција за иднината

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одржа работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, на која беа разгледани тековните активности и можностите за понатамошно продлабочување на соработката

18 милиони денари промет на Берзата, Алкалоид и банките во центарот на вниманието

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 08.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.328,80 поени. Во однос

Арбелоа од Реал седна на клупата на Фулам

Англискиот премиерлигаш Фулам го објави назначувањето на Алваро Арбелоа за нов тренер на тимот. Поранешниот тренер на Реал Мадрид потпиша договор до 2029 година. „Огромна чест ми е да ја започнам оваа

Коњановски: Нови мерки за поддршка на лицата со аутистичен спектар и нивните семејства

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со претставници на Здружението на деца и млади со посебни потреби и нивните родители „Невроразлични“-Битола и Здружението на психолози за стручна и морална

Трамп повторно со критики кон Шпанија

Тој изјави дека му наредил на американскиот министер за финансии Скот Бесант да ја замрзне сета трговија со таа земја, нарекувајќи го Мадрид „ужасен партнер“ во алијансата. Обраќајќи се заедно со генералниот
Go toTop