Костовски ги исполнува ветувањата: Бутел се претвора во зелена, чиста и уредна општина

May 14, 2025
1 min read

Општина Бутел, на чело со градоначалникот Дарко Костовски, постојано ја покажува својата посветеност кон граѓаните преку реализација на секое дадено ветување. Пролетната акција за косење, чистење и уредување на зелените површини продолжува со силен интензитет во сите населби на општината.

Денес, општинскиот тим беше активен во населбата Скопје Север, каде се работеше на уредување и одржување на зеленилото. Површините околу училиштата, градинките, спортските терени и парковите се косат и чистат, а дрвјата се кастрат со цел да се обезбеди безбедност и естетика во секој агол на општината.

„Се грижиме секој дел од Бутел да биде чист, зелен и уреден. Мојот тим и јас сме на терен секој ден, 24/7, во служба на нашите граѓани,“ напиша градоначалникот Костовски на својата официјална страница на Facebook, нагласувајќи дека ова е само една од многуте иницијативи за подобрување на квалитетот на живот во општината со која раководи.

Според Костовски, оваа акција ќе продолжи и во наредните денови, со цел секоја јавна површина да биде соодветна, безбедна и пријатна за жителите од сите возрасти.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател Ердоган на онлајн состанок со лидерите на САД, Саудиска Арабија и Сирија

Следно

Мицкоски: Следната недела ќе имам повеќе информации за моите делувања по излегувањето на Таравари од Владата

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени
Go toTop