Проблем за Елмас: Лајпциг не дава попуст, а Торино не сака да ја плати клаузулата

May 13, 2025
1 min read

Елиф Елмас игра во одлична форма по позајмицата од Лајпциг во Торино, но како што одминува времето така се намалуваат и шансите италијанскиот клуб да го откупи договорот на македонскиот „дијамант“ и да го задржи Елиф и по завршувањето на оваа сезона. Последните информации од таборот на Торино говорат дека претседателот Каиро нема намера да ја плати клаузулата од 17 милиони евра, наведена во договорот за позајмица потпишан за јануари.

Каиро пред една година со тактизирање во преговорите успеа да ја намали цената на Хрватот Влашиќ, кој пристигна од таборот на Вест Хем за скромни 10 милиони евра. Сепак, добро упатени извори тврдат дека тоа нема да му успее во случајот со Елмас, особено по добрите игри на Елиф во последните месеци.

Во таборот на Лајпциг се убедени дека цената е реална и веќе испратиле порака дека не доаѓа во предвид никаков попуст во преговорите околу отштетата. Челниците на германскиот клуб се убедени дека ќе успеат да најдат купец за Елмас за 17 милиони евра, ако се знае дека неколку италијански клубови будно почнаа да ја следат ситуацијата поради забавените преговори со Торино.

Лацио и Милан се клубовите кои покажуваат интерес, не се исклучува ниту трансфер во Премиер-лигата, па ќе биде возбудливо да се види каде ќе настапува Елмас следната сезона.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство при Битолскиот универзитет

Следно

Зоровски во Аргумент плус: Регионална депонија е решение за отпадот во Буково

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop