ДЗР: Од 34 општини, гуп-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител

May 13, 2025
1 min read

Од 34 дури 22 oпштини не го исполнуваат препорачаниот стандард за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител.

Ова го покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија на тема „Урбанистичко планирање на зелената инфраструктура во градовите“, каде стои и дека само осум општини имаат важечки Генерален урбанистички план, додека повеќето работат со застарени или непостоечки планови.

“Генералните урбанистички планови на 22 општини не го исполнуваат препорачаниот стандард за озеленетост од 25 м2 по глава на жител, а зелените површини кои се одржуваат и новоподигнатите зелени површини во корелација со бројот на жители согласно пописот од 2021 година укажува дека ниту една општина не го исполнува стандардот утврден во одредбите на член 19 од Законот за урбано зеленило.“ – Државен завод за ревизија.

Ревизорите посочуваат и дека 18 општини немаат донесено годишни програми за одржување на зеленилото, а 59% не инвестирале во нови зелени површини во периодот 2020–2024. Причините за ваквата состојба, според извештајот, се масовната урбанизација, нефункционална координација меѓу институциите, финансирање на урбанистички планови од приватни субјекти и недоволна инспекциска контрола.

“Централната и локалната власт нема обезбедено ефикасен мониторинг и контрола, односно не изрекувањето на глоби спрема прекршителите, како и намалените износи на глобите за прекршоци, придонесува зеленилото да се уништува, да не се одржува и да не се заменува со ново зеленило.“ – Државен завод за ревизија.

Извештајот покажува и дека Министерството за животна средина и просторно планирање не врши надзор над општините во делот на спроведувањето на законските одредби за урбано зеленило и не е обезбедено континуирано следење на состојбите и промените, од причина што годишните извештаи за степенот на спроведување на просторниот план на државата се изработени со нецелосни податоци за фактичката состојба, а во периодот од 2021 – 2024 година, воопшто не се изработуваат.

За надминување на утврдените состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од страна на надлежните институции и одговорни лица за создавање услови со кои ќе се подобри урбанистичко планирање на зелената инфраструктура во градовите.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Интер со најголема заработка меѓу италијанските клубови во историјата на ЛШ

Следно

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да го преземе Министерството за здравство – во игра Клековски и Андоновска?

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop