Израелски министер: Планот за иселување на Палестинците од Газа „сè уште на маса“

May 13, 2025
1 min read

Израелскиот министер за енергетика Ели Коен синоќа изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за дислокација на Палестинците од Појасот Газа „останува на маса“.

Говорејќи за израелскиот јавен радиодифузер КАН, Коен рече дека таканаречениот план за „доброволна миграција“ предложен од Трамп се следи и понатаму.

Од февруари, Трамп повеќепати повикува на „преземање“ на Газа и преселување на нејзиното население со цел да се развие како туристичка дестинација. Планот беше отфрлен од арапскиот свет и многу други земји, кои го сметаат за етничко чистење.

– Напорите за имплементација на планот продолжуваат на терен, рече Коен, без да даде повеќе детали.

Министерот изјави дека се водат „напредни разговори“ со две земји околу ова прашање, без да ги именува. Тој, сепак, рече дека едната од нив е „исламска“.

– Не гледам сериозен процес на реконструкција на Појасот Газа во следните години, додаде Коен. „Промовирањето на опцијата за доброволна миграција стана реална потреба наметната од моменталната состојба во Газа“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин

Следно

СДСМ: Мицкоски ја води државата во провалија затоа Таравари ја напушти Владата

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop