Ќе има ли директни преговори Путин – Зеленски?

May 12, 2025
1 min read

Ќе има ли директни преговори Путин – Зеленски на 15 Мај во Истанбул? Откако рускиот претседател Путин предложи, украинскиот претседател Зеленски прифати да разговара очи во очи со рускиот лидер.

Нејасни се условите на ЕУ и Украина за претходен прекин на огнот, а европските лидери се заканија и со санкции доколку Москва од денеска не прекине со борбите. Сепак се чини дека прагматичниот став на американскиот претседател Трамп надвладеа и официјален Киев се согласи на безусловни преговори и како што кажа Зеленски, „тој ќе оди во Истанбул без разлика дали ќе се појави Путин“. 

– Се надевам дека овој пат Русите нема да бараат причини зошто не можат да дојдат. – Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Русија не прифаќа прекин на огнот, бидејќи велат дека Украина ќе го искористи периодот за вооружување и консолидирање на своите позиции. Според Москва првата точка во преговорите треба да биде под кои услови би имало прекин на огнот.

– Треба да водите директни преговори за да најдете начин за прекин на огнот. Едноставен пристап кон прекин на огнот е неприфатлив. – Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.

Според американскиот претседател Трамп состанокот ќе разјасни дали страните се подготвени да склучат мировен договор во принцип, а ако не, тогаш „европските лидери и САД ќе знаат како стојат работите и ќе можат да дејствуваат соодветно“. „Почнувам да се сомневам дека Украина ќе склучи договор со Путин, кој е премногу зафатен со прославата на победата во Втората светска војна, која без Соединетите Американски Држави беше невозможно да се добие (дури ни приближно!). Одржете состанок, веднаш!!!“, побара Трамп.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како Турција стана доверлив глобален посредник за мир во конфликтните зони

Следно

Ова се новите цени за туристичка такса во Грција

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени
Go toTop