Кубилиус: Украина ќе биде најважниот дел од идната европска безбедносна архитектура

May 12, 2025
1 min read

Еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус денеска изјави дека Украина ќе биде најважниот дел од идната европска безбедносна архитектура.

Тој, на Форумот во Брисел посветен на одбранбената индустрија, истакна дека Украина набрзо ќе биде членка на Европска Унија, но од денеска е дел од европската одбранбена индустрија.

Според Кубилиус украинските вооружени сили веќе имаат искуство на бојното поле, што ќе биде корисно за ЕУ. Тој истакна дека Украина поради војната ги подобри своите борбени способности, особено во употребата на беспилотни летала.

– Армијата на беспилотни летала на напаѓачката страна во војната во Украина се подготвува за напад врз земја-членка на НАТО и ЕУ. За да го запреме Путин, треба заедно ЕУ и Украина повеќе да произведуваме. Мора да запомниме дека победата во Втората светска војна не беше само надмоќ на војниците, туку и на фабриките (за производство на оружје). Тоа важи и денес, мирот со сила се обезбедува со производствени капацитети и со памет, наведе Кубилиус.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Следно

Милитантната Курдска работничка партија (ПКК) СЕ САМОРАСПУШТИ

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop