Приведен скопјанец кој се самозадоволувал пред женски лица

March 1, 2023
1 min read

Полициски службеници од СВР Скопје на 27.02.2023 во Скопје го лишиле од слобода С.А.(30) с.Пагаруша, општина Студеничани.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во пет наврати извршил кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“ по член 190 од Кривичниот законик, односно во градски автобуси и на други јавни места се самозадоволувал пред женски лица од Скопје.

– Лицето било задржано во полициска станица и во присуство на Јавен обвинител било извршено негово препознавање од страна на оштетените, информира МВР.

Против него била поднесена и кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка му била определена мерка притвор.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Генералниот секретар на ОН, Гутереш, за прв пат по 6 години во посета на Ирак

Следно

(ВИДЕО) Возовите што се судрија во Грција возеле со брзина од 160 километри на час: Повеќето загинати се млади лица

Latest from Blog

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Колумбија денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри, додека на површината бил најблиску

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но
Go toTop