Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

May 9, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу.

Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за комуникации при турското Претседателство, претседателот Ердоган во својата честитка истакнува дека Денот на Европа е симбол на процесот на политичка и економска интеграција на Европа, кој започна со Шумановата декларација во 1950 година.

Нагласувајќи дека Европската Унија, олицетворение на европската интеграција, се соочува со повеќедимензионални глобални и регионални предизвици последните години, Ердоган рече: „Се разговара за иднината на европската безбедносна архитектура, молкот за масакрите во Газа во текот на 19 месеци и неуспехот да се развие ефикасна политика за запирање на нападите на Израел ги доведуваат во прашање вредностите на Унијата.“

Нагласувајќи дека на ЕУ денес ѝ е потребна визионерска и храбра перспектива, Ердоган истакна: „Во овие тешки времиња инклузивна и интегративна Европска Унија, која не е заробеник на интересите на своите поединечни членови, туку се фокусира на заедничките интереси на континентот, е во интерес на сите. Нашата земја, која е кандидат за членство во ЕУ, и покрај сите пречки со кои се соочува, исто така, е гаранција за опстанокот на Унијата со своите хуманитарни, мировни и конструктивни политики и праведни решенија при кризи и конфликти.“

„Всушност, неодамнешните трансатлантски и глобални случувања, кои влијаеја врз целиот свет и предизвикаа преиспитување на традиционалните политики, уште еднаш ја покажаа важноста на односите меѓу Турција и Унијата“, посочи турскиот претседател.

„И покрај неправедниот став на некои поединци и групи што тврдат дека ги претставуваат институциите на Европската Унија против нашата земја одвреме-навреме“, Ердоган рече дека сè уште верува дека ЕУ „ќе покаже разумност да дејствува со долгорочна и стратегиска перспектива врз основа на заемна корист во наредниот период. Во оваа пригода на европските граѓани, особено на моите граѓани, им го честитам Денот на Европа.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Следно

Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

Latest from Blog

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери во Тузла 11 загинати и 35 повредени лица

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 11 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Божиновска за еМагазин: Скопската декларација поставува конкретни чекори кон зелена и стабилна енергетска транзиција

Во современото живеење, отпорен енергетски систем не значи само повеќе производство, туку паметна комбинација од безбедност на снабдувањето, економска достапност и еколошка одржливост. Токму оваа зелена транзиција беше во фокусот на 14.
Go toTop