Уапсен е убиецот на 25 годишниот странски државјанин

May 9, 2025
1 min read

Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство.

-Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено. Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка, се вели во соопштението од обвинителството.

ТВ24 претходно информираше дека 25 годишниот Е.О странски државјанин е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, а информацијата ја потврдија од Клиничка болница-Штип. Во болницата е донесен без знаци на живот, со неколку прострелни рани. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но обидите биле неуспешни. Од Основното јавно обвинителство (ОЈО)-Штип соопштија дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.

Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани. Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор, се вели во соопштението на ОЈО-Штип.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Челзи најтрофеен меѓу шесте финалисти во европските купови

Следно

Во Москва почна парадата на победата над фашизмот, Путин: Наша должност е да ја браниме руската армија

Latest from Blog

Индија и Пакистан договорија прекин на огнот

Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, рече пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри изјави дека и Индија и Пакистан „ќе

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани

Молчешкум, со насолзени очи, но со високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ и денес побараа правда за трагичниот случај што

ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот
Go toTop