Игор Стефановски-Иџе ја брка третата победа на „Рампа да Фалпера“

May 9, 2025
1 min read

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, овој викенд ќе ја вози третата трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, на патеката „Рампа да Фалепра“ во португалска Брага.

По првите две трки во шампионатот, тој се наоѓа на третото место во генералниот пласман.

-Со голема возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Патеката „Рампа да Фалпера“ добро ја познавам. Двапати бев на подиумот, и тоа на првата позиција. Моите очекувања и овој пат се слични: да триумфираме. Би сакал да истакнам дека ова е патека на која брзината на некои делови надминува и повеќе од 240 км на час, што е голем предизвик за сите натпреварувачи. И пред оваа трка, би сакал да им се заблагодарам на мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, моите спонзори и, секако, на сите вас што ми давате безрезервна поддршка – изјави Иџе.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турското беспилотно летало АКИНЏИ успешно го заврши тестот со сетот за наведување од домашно производство

Следно

Нови четири селекции се пласираа на ракометното ЕП 2026

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop