Туркије и Ирак потпишаа 11 договори за соработка во клучни сектори

May 8, 2025
1 min read

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије и Ирак денес потпишаа 11 договори, меѓу кои и во информатичко-комуникациските технологии, одбранбената индустрија и високото образование, по тет-а-тет средбата меѓу претседателот Реџеп Таип Ердоган и ирачкиот премиер Мухамед Шиа ал-Судани и меѓуделегацискиот состанок, во Анкара, јавува Анадолу.

Генералниот директорат за борба против нерегуларната миграција на Туркије и Одделот за миграции на Ирак при Министерството за миграции и раселување потпишаа договор за стандардни имплементациски процедури за доброволно враќање и реинтеграција на ирачките државјани.

Министерствата за внатрешни работи на двете земји потпишаа меморандум за разбирање за соработка во обуката.

Друг меморандум за разбирање беше потпишан помеѓу Генералната команда на жандармеријата на Министерството за внатрешни работи на Туркије и ирачкото Министерство за внатрешни работи.

Двете земји потпишаа договор за борба против нелегалната трговија со наркотици и психотропни супстанции.

Во областа на управувањето со катастрофи и вонредни состојби, Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) и Националниот центар за управување со кризи и катастрофи на Ирак при Министерството за внатрешни работи потпишаа Меморандум за разбирање.

Двете земји, исто така, го проширија договорот од 2009 година за информациски и комуникациски технологии преку дополнителен протокол потпишан од претставници на Министерството за транспорт и инфраструктура на Туркије и Министерството за комуникации на Ирак.

Друг Меморандум за разбирање беше потпишан помеѓу АЈДА Интернационални интегрирани одбранбени системи и ирачката групација Ал Заман за општи трговски договори и бродоградба.

Во високото образование, Турскиот совет за високо образование и Министерството за високо образование и научно истражување на Ирак се согласија да основаат претставништва и образовни програми за турските универзитети во Ирак.

Турското Министерство за индустрија и технологија и ирачкото Министерство за планирање потпишаа договор за соработка во метрологијата.

Турското Министерство за национална одбрана и Комисијата за воена индустрија на Ирак потпишаа Меморандум за разбирање за индигенизација во одбранбената индустрија.

Министерствата за правда на двете земји потпишаа Меморандум за разбирање за правна соработка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските ракометари ја совладаа Естонија во евроквалификациите

Следно

Мицкоски: Изборот на Лав XIV е симбол на ново време на отвореност

Latest from Blog

Французите го кренаа гласот поради судиите, Дешамп порача: Тие не се нашиот противник

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, изјави дека нема проблем со одлуката на ФИФА натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Мароко да го суди аргентински судиски тим. Одлуката предизвика бројни

Русија го забрани извозот на дизел

Одлуката би можела дополнително да го зголеми притисокот врз глобалниот пазар на гориво, кој веќе е погоден од прекините во снабдувањето предизвикани од војната со Иран. Според податоците собрани од Блумберг врз

Кредибилитетот што го изградила во НАТО, Македонија да го искористи за деблокада во ЕУ, предлага Шекеринска

Кредибилитетот што Северна Македонија го изградила како сигурен, одговорен и рамноправен сојузник во НАТО треба мудро да се искористи за надминување на билатералните предизвици и за откочување на процесот на европска интеграција,

„Ова беше најголемиот грабеж во историјата на светските првенства“

Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата

Во Барселона забележан нов температурен рекорд

Во многу популарниот туристички град на Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Земјата речиси навикната на високи температури Шпанската метеоролошка агенција Аемет вчера издаде црвено предупредување за
Go toTop