ДИРИГЕНТКАТА ЕЛЕНА МИТРЕВСКА ОД 1 ЈАНУАРИ ЌЕ БИДЕ УМЕТНИЧКА ДИРЕКТОРКА НА ДВАТА ХОРА НА ДАНСКОТО РАДИО

May 8, 2025
1 min read

Mакедонската диригентка со европска кариера Елена Митревска од 1 јануари 2026 ќе биде уметничка директорка на хоровите на Данското радио (ДР) – Дански национален вокален ансамбл и Концертен хор на Данското радио.

Митревска (42) дипломирала на Одделот за музичка теорија и педагогија на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2008. Образованието го продолжи во Виена, на Универзитетот за музика и изведувачки уметности, каде што дипломираше прво на Одделот за хорско диригирање, а потоа и на Одделот за оркестарско диригирање. Од 2016 до 2020 беше ангажирана како хор-мајстор во операта во Овиедо, Шпанија, а од 2020  е главен хорски диригент во операта во Малме, Шведска.

„Данското радио е водечка институција во Данска и со своите ансамбли како оркестарот, така и хоровите цели високо на европската класична сцена. Чест ми е што ќе бидам дел од програмирањето на концертите на двата хорови. Кога се работи на толку високо ниво, мотивацијата и амбицијата се водечки фактор за успех. Ова е нова улога за мене и огромен предизвик на кој многу се радувам“, изјави Митревска за САКАМДАКАЖАМ.МК

„Со искуство во хорско водство во четири различни земји и претходни соработки со хоровите на ДР, Митревска носи меѓународна перспектива. Таа е една од ѕвездите во подем на меѓународната хорска сцена. Таа ќе го наследи Мајкл Емери, кој се повлекува по десет успешни години“, соопшти ДР.

„Воодушевени сме што започнуваме блиска нова соработка со Елена Митревска како уметничка директорка. Со нејзиниот силен уметнички профил, креативна визија и меѓународна кариера, таа е идеален избор за улогата, а дополнителен бонус е што таа веќе има доверлив и позитивен однос со нашите пејачи“, изјави во соопштението Ким Бор, директорка на Државниот сервис.

„По пет години во Скандинавија, имам огромна почит кон единствената хорска традиција во регионот и возбудена сум што ќе ги истражувам богатите музички корени на хоровите на ДР. И двата ансамбла се меѓународно познати по нивниот препознатлив звук – вкоренет во силна традиција и ценетото данско наследство на песни, кое ќе продолжиме да го почитуваме“, изјави во соопштението Митревска, додавајќи дека ќе го прошири репертоарот на хоровите со живи дански композитори.

„Од витално значење е да продолжиме да гледаме напред. Со работа со денешните композитори, можеме да помогнеме во обликувањето на хорската музика на утрешнината и да ги инспирираме идните генерации“, изјави диргентката.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бел чад од Сикстинската палата – Избран е нов папа

Следно

Поради Фејсбук статус – Мерко го тужи Ќоку на суд

Latest from Blog

Французите го кренаа гласот поради судиите, Дешамп порача: Тие не се нашиот противник

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, изјави дека нема проблем со одлуката на ФИФА натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Мароко да го суди аргентински судиски тим. Одлуката предизвика бројни

Русија го забрани извозот на дизел

Одлуката би можела дополнително да го зголеми притисокот врз глобалниот пазар на гориво, кој веќе е погоден од прекините во снабдувањето предизвикани од војната со Иран. Според податоците собрани од Блумберг врз

Кредибилитетот што го изградила во НАТО, Македонија да го искористи за деблокада во ЕУ, предлага Шекеринска

Кредибилитетот што Северна Македонија го изградила како сигурен, одговорен и рамноправен сојузник во НАТО треба мудро да се искористи за надминување на билатералните предизвици и за откочување на процесот на европска интеграција,

„Ова беше најголемиот грабеж во историјата на светските првенства“

Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата

Во Барселона забележан нов температурен рекорд

Во многу популарниот туристички град на Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Земјата речиси навикната на високи температури Шпанската метеоролошка агенција Аемет вчера издаде црвено предупредување за
Go toTop