Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“

May 8, 2025
1 min read

Апелација пресуди поголеми казни за обвинетите во случајот „Ласкарци“, за автобуската несреќа од пред шест години во која имаше 16 жртви и над 30тина  повредени. На сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиш Белули,Апелација му ја зголеми казната  од четири на десет години.

Исто така и на одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари од шест на десет години затвор. За двајцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски казната е зголемена од пет на по седум години затвор. На возачот Мануил Трифуновски повисокиот суд му ја потврди казната од 14 години затвор. 

– Апелација ги одби како неосновани жалбите на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиши Белули, како и на тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиовски, Горан Дуковски и Јане Боваровски, а делумно ги уважи жалбите на одговорниот за транспорт во фирмата, обвинетиот Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски. – Апелационен суд Скопје.

Според пресудата, првообвинетите Белули и Мифтари не се придржувале кон безбедносните прописи, дозволувајќи технички неисправен автобус да учествува во сообраќајот, што предизвикало опасност за животот на патниците. Тројцата вработени во станицата за технички преглед, дозволиле автобусот неисправен да помине на технички, а возачот Трифуновски, свесен за неисправноста на возилото, го управувал автобусот со 55 патници и удрил во металната ограда поради невнимание. Роднините  на загинатите и повредените можат да бараат отштета во парница пред Граѓанскиот суд.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот Ердоган со официјална церемонија го пречека ирачкиот премиер Судани

Следно

Владата манипулира со јавниот долг – Растат процентите ама не и БДП

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура
Go toTop