ВО ВЕНЕЦИЈА НА 9 МАЈ СЕ ОТВОРА МАКЕДОНСКИОТ ПАВИЛЈОН СО АРХИТЕКТОНСКИОТ ПРОЕКТ „СТРАДА БРУТАЛИСИМА“

May 8, 2025
1 min read

Македонскиот павилјон на 19. Венециско биенале на архитектура утре ќе биде свечено отворен во изложбениот простор Арсенале – Сале д’Арми. Проектот „Страда бруталисима“ (Strada Brutalissima), под кураторство на Благоја Бајковски, е авторско дело на кураторот и тимот составен од Ана Рафаиловска, Невенка Манчева-Аџиевска, Марија Антиќ-Николова, Теа Дамјановска и Михајло Стојановски. Комесари на изложбата се Маја Неделковска-Брзанова и Фросина Зафировска.

Носител на проектот е Националната галерија на Македонија (НГМ), во соработка со Архитектонскиот факултет Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и поддржан од Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Од тимот велат дека проектот ја поставува во фокус бруталистичката архитектура на Скопје – уникатен и парадигматичен слој од постземјотресната историја на градот.

„Главната цел на ‘Страда бруталисима’ е да ја активира архитектонската интелигенција вткаена во бруталистичкото наследство на Скопје. Во овој контекст, улицата (strada) претставува кураторска алатка за обликување на патека на ново архитектонско знаење. Поставката извлекува 10 бруталистички примери од автентичноста на нивниот контекст и ги репозиционира во нова просторна организација, создавајќи ‘концептуална улица на знаењето’. Изложбата е структуирана низ два улични фронта, кои меѓусебно комуницираат и оформуваат линеарен репозиториум на информации и простор за критичко промислување. Првиот фронт е обликуван преку графичките биографии на избраните бруталистички објекти од Скопје кои ја илустрираат сложеноста на нивните архитектонски композиции. Вториот фронт претставува транскрипции на знаења инкорпорирани во овие објекти, надополнети со критички осврти од еминентни македонски и меѓународни архитекти. Во рамките на проектот се поканети значајни имиња од архитектонската дисциплина да дадат свој придонес во форма на критички осврт и куси дефиниции за скопскиот брутализам“, велат од Националната галерија.

Генералната тема на Биеналето е насловена „Интелигенти. Природни. Вештачки. Колективни“, курирана од италјанскиот архитект Карло Рати. Венециската архитектонска смотра ќе трае од 10 мај до 23 ноември.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кој ќе биде нов гувернер на Народна банка?

Следно

Концерт на „Ареа“ без филтри, без маски и со емоција без компромиси

Latest from Blog

Проданоски: Преку културни содржини ја чуваме легендата за Крал Марко

Во духот на традицијата, историјата и културното наследство, Општина Прилеп и оваа година ја организира манифестацијата „Денови на Крали Марко“, посветена на легендарниот јунак Крал Марко, симбол на храброста, правдата и непокорот.

Коњановски: Создаваме современи услови за спорт за сите ученици во Битола

Во завршна фаза е реконструкцијата на спортските игралишта во рамките на подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во населбата Горно Оризари, каде што се обновуваат два спортски терени – ракометно игралиште, кое ќе се
Go toTop