Турската Црвена полумесечина отвори народна кујна и им подели топол оброк на жителите на Газа

May 7, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Турската Црвена полумесечина отвори народна кујна и им подели топли оброци на раселените палестински семејства во градот Газа, во северниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Оттаму соопштија дека вкупно 15.000 топли оброци се подготвуваат секој ден во северните и јужните региони на Газа и се доставуваат до оние на кои им е потребна помош.

Обезбедувајќи им поддршка на палестинските семејства што живеат во тешки услови поради израелските напади, тимовите продолжуваат со своите напори за достава на хуманитарна помош во подрачјето.

Бруталните и разорувачки израелски напади врз блокираниот Појас Газа продолжуваат со несмалено темпо, а хуманитарната криза во регионот го достигна својот врв поради целосната блокада.

Приближно 2,3 милиони Палестинци се борат со глад во Појасот Газа, каде што Израел го запре влезот на хуманитарна помош на 2 март, а подолг период пекарниците не работат поради недостиг на брашно и гориво.

Израелската армија започна брутална воена офанзива врз Газа, при што од 7 октомври 2023 година убиени се повеќе од 52.600 Палестинци, претежно жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Села за Таравари: Не можеме да ги следиме неговите лаги, еднаш вели вака, еднаш така

Следно

Ердоган: Туркије е подготвена да направи сѐ што е во нејзина моќ за намалување на тензиите меѓу Индија и Пакистан

Latest from Blog

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши
Go toTop