Ескализраат тензиите Индија – Пакистан

May 7, 2025
1 min read

Индија го нападна Пакистан. Тензиите меѓу двете нуклеарни држави ескалираа  по неодамнешниот смртоносен напад врз индиски туристи во Кашмир.

Индиските вооружени сили истрелаа десетици ракети кон  неколку локации во Пакистан и спортниот регион Џаму и Кашмир, кој дел е под контрола на Исламабад. Тврдат дека нападите не биле насочени кон пакистанската армија туку кон терористички кампиови кои служеле како центри за обука но и како место за складирање на оружје. Најмалку десет лица се убиени, а 48 повредени во ракетните напади меѓу Индија и Пакистан долж заедничката граница во спорниот хималајски регион.

„Разузнавањето и надзорот на терористичките модули со седиште во Пакистан покажаа дека претстојат нови напади врз Индија, поради што беше неопходно да се преземат превентивни напади.“ – Викрам Мисри, министер за надворешни работи на Индија.

Пакистанскиот премиер, Шехбаз Шариф, ја обвини Индија дека почнала војна и порача дека Пакистан има право да се одбрани. Армијата веќе добила наредба да возврати на воздушните напади а пакистанската влада тврди дека цел на напад биле цивилни и верски објекти а не кампови каде се криеле терористи.

„Ги нападнаа нашите луѓе, ги нападнаа нашите џамии. Пакистан сега ќе одговори и тоа ќе биде многу ефективен удар. На нашата желба за мир не треба да се гледа како на наша слабост.“ – Атулах Тарар министер за информации на Пакистан.

Најголемата цена ја плаќаат жителите и од двете страни на границата меѓу Индија и Пакистан

„Сите спиевме кога во еден момент не разбуди силна експлозија. Целата куќа беше полна со чад. И во следните часови постојано се слушаа експлозии.“ – Суџај Кумар.

„Мојот дом е уништен.  Целата населба беше во страв и паника во текот на ноќта. Голем дел од луѓето избегаа.“ – Ахмед Абази.

Од Обединетите Нации побараа смирување на ситуацијата и предупредуваат дека светот не може да си дозволи војна меѓу две држави кои поседуваат нуклеарно оружје. Тензиите меѓу соседите, се зголемија откако вооружени лица минатиот месец убија 26 лица, претежно индиски туристи, во Кашмир, кој е под контрола на Индија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проблем со субвенциониран оброк, министерката најавува брзо решение

Следно

Ескализраат тензиите Индија – Пакистан

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop