Втор американски борбен авион падна во Црвеното Море по неуспешниот обид за слетување

May 7, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот воен авион Ф/A-18Ф Супер Хорнет падна во Црвеното Море откако не успеа да слета на носачот на авиони „Хари С. Труман“, објави Ен-би-си њуз повикувајќи се на двајца американски претставници, пренесува Анадолу.

Според веста, авионот паднал синоќа откако ја промашил жицата за запирање. Двајцата пилоти се катапултирале безбедно и се здобиле со полесни повреди.

Ова е втор Супер Хорнет што падна од овој брод за повеќе од една недела. Претходниот авион случајно падна од палубата во текот на неуспешното влечење на 28 април.

Шон Парнел, портпарол на Пентагон, изјави дека продолжува да се следи ситуацијата со загубата на борбениот авион Ф-18.

„Може да потврдиме дека овој авион не бил погоден од Хусите“, рече Парнел.

Тој додаде дека истрагата е во тек и дека повеќе информации ќе бидат достапни кога ќе се утврди причината за „оваа несреќа“.

„Јуришната група на носачот на авиони ‘Хари С. Труман’ останува целосно способна за мисии“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Добро со Вреди, добро со Таравари? – Мицкоски во обид да ја зачува владината коалиција

Следно

Омерагиќ: Индиции за вмешаност на фудбалери, на натпреварот Кожуф-Башкими има сериозни нарушувања на интегритетот

Latest from Blog

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура

Николоски: 130-тонски машини копаат до 28 метри под земја за изградба на најтешкиот дел од автопато Охрид-Кичево

Во денешната изјава за медиуми заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, зборуваше за градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, како и за техничкото решение со

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а
Go toTop