Патот Прилеп–Крушево во прекин поради протест на жителите кај село Врбјани

May 7, 2025
1 min read

Од 08:50 часот утрово, на регионалниот пат Прилеп–Крушево, кај селото Врбјани (Општина Кривогаштани), започна ненајавен јавен собир организиран од локални жители.

Според првичните информации, граѓаните протестираат поради најавените градежни активности со кои е предвидено уривање на постоечкиот мост во близина.

Од 09:10 часот, сообраќајот на оваа делница е целосно блокиран во двата правци. На терен се присутни надлежните служби, а засега нема информации за тоа колку долго ќе трае блокадата.

Возачите се предупредуваат да користат алтернативни патни правци и да бидат внимателни доколку се движат во овој регион.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Макавеј“ ја објави поетската книга „Избор, Порта на животот“ од ромскиот поет Јусуф Сулејман

Следно

Пакистан: Најмалку 26 загинати во индиските ракетни напади

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop