Калајџиев во Аргумент плус: Политичарите го користат судскиот совет како алатка за влијание

May 6, 2025
1 min read

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во Аргумент плус рече дека, статистички гледано судовите и обвинителствата покажуваат најдобри резултатите од аспект на ефикасност.

Според него, предметите во 90% од случаите завршуваат со пресуди. Тој зборуваше и за тоа дека политичарите го користат судскиот совет како алатка за влијание.

„Статистички, судовите и обвинителството кои трпат критика тие покажуваат во суштина најдобри резултати од аспект на ефикасност, не викам дека се е како што треба. Она што им се замерува е дека наводно случаите кои ќе ги припреми МВР ќе ги застарат. Во повеќе од 90%  од предметите завршуваат со пресуди. Поголемиот пробелем е тоа што никој не води сметка за човековите права. Оваа проблематична пракса под притисок на јавноста се доведува под стрес да има поголема ефикасност и построги казни. Перцепцијата е дека проблемите со корупцијата ќе ги реши судството“, рече Калајџиев.

Тој зборуваше и за тоа дека политичарите го користат судскиот совет како алатка за влијание.

„Судскиот совет не е судски орган и нема влијание врз правораздавањето. Тој им е важен на политичарите. Тие не се заинтересирани за општото добро туку за своето влијание. Судскиот совет е замислена како институција да помогне во судството, а ние успеавме да ја направиме во алатка за влијание. Истиве проблеми ги имаме 20 години. За судскиот совет не успеавме да отвориме никаква сериозна дебата. Во литературата има доста негативни критики за тоа колку се успшени овие механизми во моделите на транзиција. Не успеаа да најдат друг механизам и го форсираат овој“, додаде Калајџиев.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќоку: Некој многу се додворувал вчера на средбата – Вреди реагира за останувањето на Таравари во Влада

Следно

Мерц изгласан за канцелар при второто гласање во Бундестагот

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop