РЕГИОНАЛНА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА Е НАЈДОБРОТО ШТО МОЖЕ ДА НИ СЕ СЛУЧИ ПОСЛЕ СЀ ШТО ПРЕЖИВЕАВМЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА МГЛ ЉУБЉАНА ЗА КОПРОДУКЦИСКИОТ ПРОЕКТ ПО ТЕКСТ НА ДУШАН ЈОВАНОВИЌ ВО СКОПЈЕ

May 6, 2025
1 min read

Од денес во Скопје почнуваат пробите за претставата „Животот на провинциските плејбои по Втора светска војна“ од Душан Јовановиќ, регионална копродукција на Драмскиот театар од Скопје, Местно гледалишче од Љубљана (МГЛ), Будва Град театар  и Београдско драмско позориште (БДП).

Овој копродукциски проект, како што рече на денешната прес-конференција директорот на Драмски театар Роберт Вељановски, е зачнат во Регионалната унија на театри РУТА и со неа се одбележуваат 5 години од основањето на Унијата во која членуваат шест балкански театари.

Претставата ќе ја режира хрватскиот драматург и режисер Иван Пеновиќ, кој од следната сезона ќе биде директор на Драма во Хрватското народно казалиште во Сплит. Ќе играат Марјан Наумов, Јована Спасиќ, Лазар Христов и Соња Стамболџиоска (од Македонија), Марко Гверо и Иван Томиќ од Белград, Нејџ Језерник и Јулита Кропец од Словенија, како и Лазар Николиќ од Црна Гора.

Директорката на МГЛ Барбара Самобор рече дека РУТА се шири, веќе не е само патувачки фестивал, туку еве веќе и развива ваков вид на копродукции.

„Со оваа претстават се одбележуваат 5 години од смртта на Јовановиќ. Тоа е една од мисиите на оваа наша копродукција, затоа што Душан Јовановиќ е еден од татковците на модерниот балкански театар. На некој начин тоа е личноста која на сите нас ни е блиска и драга. Мислам дека вака склопена екипа ќе ужива додека работи на претставата и се надевам дека и ние, и публиката и продуцентите ќе уживаме додека ја гледаме. Јас сум горда дека сум дел од ова и верувам дека вакви ситуации, вакви комбинации, се најдобро што може да ни се случи во културата, после сѐ што преживевме и доживеавме секој на свој начин“, рече Самобор.

Директорот на Београдско драмско позориште Југ Радивојевиќ кажа дека премиерата е на 10 август во Будва, на 17 август ќе се изведе на Охриско лето. Во Скопје ќе игра во октомври, во Белград во декемрви, а во Љубљана во февруари 2026.

Преводот од словенечки јазик на македонски и на српски јазик е на Соња Должан, а актерите ќе играат секој на својот мајчин јазик.

Режисерот Пеновиќ вели дека овој проект, не само што ќе го оживее, туку и ќе го прикаже богатството и разноликоста на нашите јазици.

„Ова е највисок чин на уметничка креација“, рече Пеновиќ.

Сценографијата е на Лазе Трипков, костимите на Александар Ношпал, музиката на Владимир Пејковиќ, а сценските движења на Дамир Клемениќ.

Вељановски рече дека претставата ќе се подготвува осум недели во Скопје, и дека целата техничка подготовка, каде и да се изведува претставата, ќе биде на Драмскот театар.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајовски: Радиоактивниот фон во РЕК Битола не ја надминува природната граница

Следно

Безживотно тело на маж пронајдено на Бит Пазар

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop