Стојаноски: На 1200 локации до крајот на годинава ќе се гради во рамки на јавниот повик за инфраструктурни проекти од Владата

May 6, 2025
1 min read

Од аспект на капиталните расходи, претходната Влада ги докапитализира со префрлање на средства за ликвидност на ЕСМ и некои други јавни претпријатија. Ние кажавме уште во почетокот на нашиот мандат дека на таков начин нема да ги калкулираме јавните инвестиции, дека ако го правиме тоа сега во овој момент ќе имаме повеќе него првиот квартал од претходната влада, но наш е изборот тоа да не го правиме, бидејќи сметаме дека треба да бидат книжени само реални капитални инвестиции“, прецизираше во своето излагање пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на вчерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Стојаноски истакна дека во рамки на Јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Владата, сите 80 општини аплицирале со проекти и подвлече дека до крајот на оваа година ќе се гради на 1200 локации и за таа намена се предвидени 325 милиони евра.

„Од однос на општините, тоа се договори коишто се склучуваат со општините и со изведувачи коишто само трансферираат до Владата и се префрлаат на таков начин и ќе се исплаќат према времени ситуации на завршени работи на терен“, истакна Стојаноски и додаде:

„Тоа значи дека, и во претходниот повик и во овој сегашниот сите 80 општини аплицирале со проекти, и сите општини можеме да видиме дека од првиот повик веќе почнуваат да влегуваат во градба, и тие проекти да ги градат. Тоа се околу 1200 локации на коишто од еден момент во оваа држава ќе се гради заклучно до крајот на оваа година за таа намена се 325 милиони евра“, објаснува Стојаноски.

Стојаноски додаде дека за околу две недели Владата ќе склучи договор со сериозна западно-европска земја за која што ќе се повлечат средства коишто ќе бидат директно насочени кон реализација на проекти.

„Сега за околу две недели ќе се склучи договор со Владата, тоа ќе биде договор (GtoG), Владата ќе склучи договор со една многу сериозна западно-европска земја за која што ќе се повлечат средства коишто ќе бидат директно насочени кон реализација на големи проекти“, посочи Стојаноски.

Стојаноски е дециден дека претхдната влада не работела во интерес за граѓаните, напротив се грижеле само за лични интереси. Тој наведе дел од проектите кои се предвидени и кои ќе се реализираат за добробит на граѓаните.

„Тоа е половина милијарда, или милијарда за изградба на локални магистрални експресни патишта. Дел ќе бидат рехабилитирани, дел ќе бидат отпочнати целосно нови. Тука ќе биде новата болница, односно завршување на Клиничкиот центар, болницата во Штип, изградба на нова болница во Кичево, како и реконструкција на операциони сали на неколку оддели во болницата во Тетово и започнување на градба на Коридор 10, брзата трака. И сите овие проекти ќе бидат потпишани. Ова се проекти коишто се реализираат“, заклучува Стојаноски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

НБА: Почетна предност за Денвер и Њујорк

Следно

„Ла Република“: Различни групи кардинали имале приватни разговори пред конклавата

Latest from Blog

Андоновски: Владата го поддржува развојот на електронската трговија – преку стратегии, интероперабилност и намалена бирократија

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните

81 година слободен Прилеп – Проданоски: Да го продолжиме патот на нашите херои со дела, не само со зборови

Прилеп со гордост го одбележа најсветлиот ден од својата историја – 3 ноември, Денот на ослободувањето, кога пред точно 81 година градот ја извојува својата конечна слобода. На свечената седница по тој

Слот за враќањето на Трент на „Енфилд“: За него имам само убави зборови, добредојден е!

фото: Anfield Brasil (X) Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, пред новинарите откри како ќе го пречека дефанзивецот на Реал Мадрид, Трент Александар-Арнолд, кој претходно играше за „црвените“. Утре Ливерпул е домаќин на

Дневен хороскоп за 4 ноември 2025: Нови шанси, силни одлуки и неочекувани успеси!

Бик Овој вторник ќе почувствувате растечка внатрешна самодоверба и стабилност. Претстојната полна месечина во вашиот знак ве наполнува со позитивна енергија и јасност. Бидете внимателни со финансиските одлуки, бидејќи може да бидете
Go toTop