Себастијан Фицек доаѓа во Скопје: Светска ѕвезда на Саемот на книга 2025

May 6, 2025
1 min read

Во година кога слави 15 години љубов кон книгите и речиси 500 изданија, издавачката куќа „Сакам книги“ го носи во Скопје еден од најголемите современи автори на психолошки трилери – Себастијан Фицек.

Овој мај, Фицек ќе биде специјален гостин на Саемот на книга 2025, каде што на 10 мај ексклузивно ќе ги претстави своите две нови книги преведени на македонски: „Девојката со свеќа“ и „Мимики“.

Настанот вклучува и лична средба со читателите, потпишување, разговор и инспирација – историски момент за македонската книжевна сцена и заслужена награда за верната читателска заедница.

„Не постои ништо поубаво од тоа да се запознаеш со твоите читатели, и тоа во град како Скопје, каде љубовта кон книгите е толку жива“, изјави Фицек пред посетата.

Гостувањето на Фицек е кулминација на слоганот „15 години печатиме среќа“ – празнување на литературната страст, упорност и довербата со која „Сакам книги“ ги гради своите светови.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ: Силјановска наместо да биде обединувачка, избра да биде дел од партиската поларизација

Следно

Мексико го прослави Синко де Мајо, победата над француската армија

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop