Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори

May 4, 2025
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена што е можно поскоро да премине кон прекин на огнот доколку Русија преземе слични чекори кон воспоставување целосен прекин на конфликтот во траење од најмалку 30 дена. 

Зеленски во синоќешното видео обраќање рече дека се подготвува за важни состаноци и разговори со странски партнери за тоа дека е потребно да влијаат на Русија да се согласи на целосен прекин на огнот во текот на 30 дена, што би овозможило барање решение за прекин на војната. 

Според Зеленски, „никој сега не гледа таква подготвеност“ од Русија засега.

Тој рече дека економските услови во Русија сега се понеповолни бидејќи цената на нафтата сега е пониска, објави Укринформ. 

„Затоа, санкциите против руските енергенси, против банките дефинитивно можат да помогнат за воспоставување мир. Разговаравме за ова со нашите партнери. Знаеме дека нашите партнери нè слушнаа“, рече Зеленски. 

Според него, сегашниот интензитет на руските напади врз Украина не укажува на ништо друго освен на желба за продолжување на борбата. 

„Одговараме на целиот фронт, како и во (руските) региони Курск и Белгород, каде што остануваме активни“, рече Зеленски. 

Тој претходно изјави дека на рускиот претседател Владимир Путин му е потребен прекин на огнот од 8 до 10 мај на полноќ, а дека во тој период е невозможно да се постигне договор за следните чекори за завршување на војната.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево и топло, до 30 степени

Следно

Се преврте автобус на автопат во Хрватска: има загинати и повредени

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop