ВАЖНА ПОБЕДА: „Лавовите“ од Ѓорче Петров ја освоија Автокоманда

May 2, 2025
1 min read

Екипата на Македонија Ѓорче Петров оствари важна победа во разигрувањето за Супер лигата, откако на гостувањето во Автокоманда славеше над Мулти Есенс со 31:29, во натпревар од 4. коло на плеј-оф фазата. Ѓорчепетровци сега имаат 17 бода, исто колку што има и младиот тим од Автокоманда, додека на првото место се наоѓа Еурофарм Пелистер 2 со 22 бода. Македонија ЃП во следното коло против Еурофарм Пелистер 2 ќе се бори за петти триумф во плеј-офот.

Како што е познато, првопласираниот тим обезбедува директен пласман во македонската елита, додека второпласираниот ќе игра бараж со последнопласираниот од суперлигашката конкуренција. Возбудливиот натпревар во Автокоманда го реши Мартин Бучуковски, кој со својот петти гол на триесетина секунди пред крајот му донесе предност од 31:29 на гостинот, а домаќинот не успеа да реализира во преостанатото време, пишува порталот Спортска димензија.

Иако домаќинот одигра добро во првото полувреме и водеше со 12:9 на пауза, гостите не се предаваа, се вратија во игра во вторите 30 минути и успеаја да освојат важни бодови.

Победничката екипа беше предводена од Бојан Чакалиќ со 11 погодоци, по пет постигнаа Мартин Бучуковски и Матеј Марковски, а четири реализации имаше Бојан Божиновски. Кај поразениот табор, прво име беше Бојан Поповски со девет погодоци.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски вели дека Украина ќе го забрза развојот на домашните ракетни системи

Следно

Босански спортист го заврши своето патување до Истанбул за поддршка на пациентка болна од рак

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги
Go toTop