ЕУ го повика Израел да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија

May 2, 2025
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Ануар ел Ануни, портпаролот на Комисијата на Европската Унија (ЕУ), го повика Израел да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија, јавува Анадолу.

Ел Ануни го изјави ова за време на неговиот дневен брифинг како одговор на прашањето за нападите на Израел врз Сирија.

„ЕУ ги повикува сите релевантни актери да го почитуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија во рамките на нејзината територија и граници“, истакна портпаролот Ел Ануни.

Осврнувајќи се на договорот потпишан меѓу Израел и Сирија за Голанската Висорамнина во 1974 година, со кој се утврдени границите на тампон-зоната и демилитаризираната зона, Ел Ануни го повика Израел да го почитува и овој договор.

– Продолжува процесот на постепено укинување на санкциите –

Ел Ануни беше запрашан дали има промени во одлуката на ЕУ за постепено укинување на санкциите против режимот на Асад, потсетувајќи на нападите што некои вооружени групи на Друзите ги започнаа во населбата Џарамана во јужен Дамаск.

Тој одговори дека внимателно ги следат случувањата на теренот и дека се решени, со цел обнова на земјата, да ги укинат секторските санкции на начин кој би можел да е „реверзибилен“.

Израел, кој ја поттикнува заедницата на Друзите против администрацијата во Дамаск, изведува напади врз Сирија под изговор дека ги штити Друзите. Како последно, објавено е дека денес во утринските часови е погодена цел во близина на Претседателската палата во Дамаск.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По завршување на мерките, цените мирни – во маркетите говедското поскапо, пилешкото поевтино

Следно

ФФМ изрече жестоки казни за ФК Гостивар – ова е одлуката на дисциплинската комисија

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги
Go toTop