По завршување на мерките, цените мирни – во маркетите говедското поскапо, пилешкото поевтино

May 2, 2025
1 min read

Сојузот на синдикати на Македонија денеска не забележа поголемо зголемување на цените во маркетите. Во контролата што ја направија вработените во Сојузот, било констатирано дека производите кои влегуваат во минималната синдикална кошница не се зголемени, односно имало незначително зголемување кои би ја зголемиле кошницата од 30 до 40 денари.

„За среќа на граѓаните и на работниците се уште нема некои драстични зголемувања на цените, односно вредноста на синдикалната минимална кошница за делот за храна и пијалаци е зголемена за некои 30 – тина, 40 – тина денари што укажува дека или трговците ќе бидат фер кон граѓаните и кон работниците и нема да ги зголемат неоправдано цените или се уште не стигнале да направат промени земајќи во предвид дека ова е првиот работен ден после 1.мај кога за среќа, во трговијата работниците не работат на празник.“, вели Слободан Трендафилов

Трендафилов очекува да продолжи ваквиот тренд па дури и да се намалат цените.

Инаку, според веб страницата www.cenometar.mk во периодот 24 април 2 мај, цените на некои производи драстично пораснале, а на некои се намалиле. Во одредени маркети, цената на килограм говедско месо се зголемила за 19 насто, но, затоа пак има пад на цената на пилешкото месо. Во некои маркети најголем пораст на цените има прашокот за перење и тоа 60 насто, но пак има намалување на течниот детергент. Кај зеленчукот поскапеле доматите, а се поевтиниле краставиците, а кај овошјето пониски цени има кај портокалите. Од млечните производи поскапел кашкавалот, а затоа поевтинил јогуртот.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе ја следат ситуацијата и нема да дозволат дивеење на цените. Дадени се насоки до Министерството за економија и до Државниот пазарен инспекторат да вршат контроли на терен.

„Лично разговарав со министерот и со директорот на Пазарниот инспекторат за засилена контрола не само кај трговците туку и кај дистрибутерите и производителите. Да видиме да не има некои при влезните фактури исто така трикови, не само кај оние што ги продаваат на своите рафтови, во своите дуќани.“, вели Христијан Мицкоски.

Мицкоски додаде дека нема да дозволат никој од учесниците во трговијата да се служи со трикови, на штета на граѓаните.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бучковски: Влезот во НАТО е најдоброто што го направивме за Македонија, денес политиката се води од ПР наместо од државни интереси

Следно

ЕУ го повика Израел да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија

Latest from Blog

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и
Go toTop