Вработените на ЗОО Скопје ја бараат платата за март, СОНК повика итно да им се исплати

May 2, 2025
2 mins read

Вработени во Зоолошката градина-Скопје денеска за време на паузата, поддржани од СОНК, излегоа на протест пред установата за да ги повикаат надлежните институции – Министерствотио за култура и туризам и Град Скопје да им ја исплатат платата за март. 

Миле Таневски, претседател на синдикатот во ЗОО-Скопје, рече дека не знаат зошто Министерството не им исплатило плата, ниту каде е настанат проблемот, со оглед дека дел од други локални институции  веќе зеле мартовска плата. Нагласи дека не обвинуваат никого туку си ја бараат заслужената плата. Речиси педесетте вработени во ЗОО последната плата ја зеле пред 45 дена и се соочуваат со прекин на здравственото осигурување. 

– Овој протест не го правиме против никого, не е ни против Култура, ниту против Градот, како што имаше препукувања преку некои медиуми. Овој протест е да нè видат дека ние немаме земено плата за март и ги поминавме и Велигден и 1 Мај без плата.  Последната ја зедовме пред 45 дена. Поради неземена плата на време, од вчера изгубивме и здравство, а имаме колеги што се на боледување. Ги замолувам надлежните што поскоро да најдат модус што поскоро да ја земеме платата за да не дојдеме до поголеми штрајкови. Има и судови и ќе поднесеме и претставки. Си ја бараме заслужената плата, а како и по кој основ ќе биде исплатена, дали по старо или по ново, за тоа има синдикат, има Влада и Министерство и тие ќе одлучат како да биде исплатена, изјави Таневски. За натамошните чекори што ќе ги преземат, рече, ќе се договорат во колективот. 

Неговиот колега Мирослав Станковиќ, ЗОО-негувател, додаде дека не излегле на протест туку за време на паузата да пратат порака да им се реши проблемот. 

-Нашата работа не е лесна, надвор сме на сите временски услови и сме склони кон повреди секој ден, а сега веќе немаме ни здравствено осигурување. ЗОО-Скопје е подолго време арена за политички пресметки и препукувања меѓу сите политички чинители, на локално и на централно ниво. Нас тоа не нѐ интересира. Не сакаме ни протести туку решение зашто при крај ни се финансиските средства, истакна Станковиќ.  

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, кој ги поддржа вработените на ЗОО на протестот, соопшти дека застојот е надминат кај институциите од културата на централно ниво и тие веќе ја примиле платата за март. Побара итно решение за ЗОО-Скопје или, рече, од утре веројатно вратите на установата ќе бидат затворени за посетителите. 

-За жал, дел од институциите коишто се на локално ниво од засега непознати причини сè уште немаат земено плата. Апсолутно е ирелевантно која е причината, многу е важна фактичката состојба. Вработените овде испоснички го поминаа и Велигден и 1 Мај и трпението на овие луѓе е при крај. Од денеска веќе немаат ни здравствено осигурување, тоа во најмала рака е нехумано зашто се секојдневно изложени на повреди. Итно мора да се најде решение за овој проблем. СОНК ќе ја земе работата под свое, оваа наша толеранција и коректност кон надлежните веројатно некој ја толкува како наша слабост. Апсолутно не е така зашто доколку не се исплати платата, од утре и натаму и вратите на ЗОО веројатно ќе бидат затворени, изјави Неделков.

На прашање дали за проблемот разговарал со директорот на ЗОО, одговори дека добил информација оти тој не е на работа.

-По оваа прес-конференција очекував да имаме средба со директорот, но не е тука. Денеска писмено ќе се обратиме и ќе бараме итно средба со директорот, и не само со него туку и со други директори каде што сè уште има проблем. Директно, директорите се надлежни за исплата на плата, кој е виновен по хиерархија нагоре, нас во моментов не нѐ интересира, рече претседателот на СОНК соопштувајќи дека според негови информации и другите локални установи од културата кои се под Град Скопје немаат земено мартовска плата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денес се вози 6-тата етапа од 60. Претседателска велосипедска трка на Туркије

Следно

Бучковски: Влезот во НАТО е најдоброто што го направивме за Македонија, денес политиката се води од ПР наместо од државни интереси

Latest from Blog

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех
Go toTop