Бугарски научници бараат од државата јавно да ја признае својата одговорност во прогонот на Евреите

February 28, 2023
1 min read

Во документот поддржан од речиси 40 научници и јавни личности од Бугарија се наведува дека доколку државата јавно и безусловно ја признае нејзината одговорност во прогонот на Евреите во Втората светска војна, тоа би било знак на зрелост и учтивост, но и заслужен поклон кон невините жртви

Четириесетина историчари, новинари, политиколози, социолози и филозофи од Бугарија ја повикаа бугарската држава јавно, искрено и безусловно да ја признае нејзината одговорност во прогонот и депортацијата на Евреите за време на Втората светска војна – нешто што, како што се вели, го направиле не само Германија, туку и земји кои поминале низ слично контроверзно минато како Франција и Романија.

Доколку и Бугарија го направи тоа, се додава во документот, тоа би било знак на зрелост и учтивост, но и заслужен поклон кон невините жртви и израз на почит кон оние кои всушност придонеле за спасување на многу човечки животи.

„На 10 март 2023 година се одбележуваат 80 години од настаните познати како ‘Спас на бугарските Евреи’. Со текот на времето, овој датум стана стана тежок со пораки и молк. Зборовите на храброст, благородност и храброст коегзистираат со агресивно негирање на соучесништво во едно мрачно дело. Нашата држава никогаш не сакаше да најде јазик со кој ќе означи два неразделни и во исто време поларно спротивни историски факти: зачуваните животи на Евреите од предвоените територии на Бугарија и депортацијата во Треблинка (4–29 март 1943 г. ) од оние од окупираните земји од април 1941 година“,

пишуваат авторите на апелот, пренесе бугарскиот портал Медиапул.

Во документот се наведува дека официјалните ставови за судбината на Евреите под бугарска власт за време на Втората светска војна систематски страдаат од, како што се вели, историски банкрот и морален недостаток.

Време е, додаваат авторите на апелот, да се фрли нов поглед на овој важен момент од историјата на Бугарија.

„Овој морален гест во никој случај не би воспоставил колективна вина на целата воена генерација, а уште помалку на следната“,

се вели во документот.

Автори на повикот во кој се бугарската држава се повикува на одговорнот за депортацијата на Евреите во Втората светска војан се економистот и историчар Румен Аврамов, историчарот Александар Везенков, историчарот Стефан Дечев, социологот Лилијана Дејанова и филозофот Стилијан Јотов.

Нивниот повик го поддржаа речиси 40 други научници, активисти за човекови права и јавни личности од Бугарија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Серафимовска: Ковачевски знае само за жонглирање со имиња, а со европски вредности нема никаква врска

Следно

Уште еден силен земјотрес во Турција

Latest from Blog

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Кинеската компанија и сопственик на платформата ТикТок – „БајтДенс“ (ByteDance) објави дека ќе ја предаде контролата на американскиот дел на група инвеститори од САД, со цел да избегне забрана за користење во

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

АМСМ информира дека од 14.50 часот сообраќајот на патниот правец Берово-Струмица е блокиран поради јавен собир. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла 30-50

Ѓорѓиевски почна голема акција: Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање! (ВИДЕО)

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е започната сеопфатна и одлучна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно

Проданоски: Традицијата на Св. Никола е темел на духовноста во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод големиот христијански празник Свети Николај Чудотворец – патрон и заштитник на градот, истакнувајќи дека овој ден има особено значење за сите прилепчани. Тој

Ким Кардашијан има 50 елки во вилата: „Изгледа како магацин“

45-годишната ријалити ѕвезда сподели видео од импресивната глетка на својот Инстаграм. Огромните елки, покриени со вештачки снег и украсени со илјадници бели светла, го исполнија пространиот влез и дневната соба. „Ова е
Go toTop