Град Скопје заврши со изградба на улицата „Христофер Жефаровиќ“

February 28, 2023
1 min read

Град Скопје заврши со изградба на улицата „Христофер Жефаровиќ“, проект кој беше истакнат како неопходен од страна на граѓаните, за безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.

– Пред неколку месеци имав можност во населеното место Сингелиќ, заедно со граѓаните од локалната заедница да ја посетам улицата „Христофер Жефаровиќ“ која беше во катастрофална состојба, неасфалтирана и раскопана. Затоа посветивме внимание на барањата на жителите и ја поставивме како приоритет, за движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно. Со оваа одлука излегуваме во пресрет на барањата за изградба на улицата „Христофер Жефаровиќ“, со цел да се постигне рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје, информира градоначалничката Данела Арсовска.

Градежните работи на терен ги изведе Јавното претпријатие Улици и патишта, при што покрај коловозната површина од 2.400 квадратни метри се изведоа пешачки патеки oд 685 метри и површина од 1250 метри квадратни, со цел движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мета: Депопулацијата е национална рана, да ставиме крај на оваа драма, не сакаме празна Албанија

Следно

МВР заврши со проверките: Лажни се сите дојави за бомби

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.
Go toTop