СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни!

April 30, 2025
1 min read

Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да ја стабилизира ситуацијата, туку ја влоши со низа неефикасни и задоцнети мерки. Наместо системско решение за спречување на ценовните шокови, добивме маркетиншки трикови и привремени потези кои немаат реален ефект, велат од СДСМ во соопштение.

„Најдобар пример за тоа е таканаречената „новогодишна кошничка“, која се претстави како мерка за намалување на трошоците, но заврши како обична медиумска манипулација. Во реалноста, потрошувачката кошничка секој месец расте. Во април порасна за 836 денари – алармантен податок што покажува колку се неефикасни владините интервенции. Цените на основните прехранбени производи остануваат високи, а платите – особено во јавниот сектор – со месеци не мrdнаа од место.

Граѓаните денес живеат полошо од било кога во последната деценија. Северна Македонија има најниски плати во регионот, а истовремено плаќа едни од највисоките цени. Владата нема стратегија, нема визија, нема план. Наместо суштински политики, се сведоци сме на декларативни изјави и обвинувања кон опозицијата.

СДСМ уште пред месеци предложи пакет од седум закони кои директно ќе влијаеја на стабилизација на пазарот и на раст на платите. Да беа прифатени, денес ќе зборувавме за реални подобрувања во животниот стандард. Ќе се зголемеа платите, ќе се стабилизираа цените, а семејствата ќе имаа повеќе пари на крајот од месецот. Но владејачката партија ги игнорираше сите предлози, избирајќи да продолжи со популизам и политичко калкулирање наместо со конкретна акција.

Ако не се преземе ништо суштинско, животниот стандард ќе продолжи да паѓа. Граѓаните заслужуваат стабилност, достоинствени примања и достапни основни производи – нешто што оваа влада очигледно не е способна да го обезбеди“, се вели во соопштението на СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РСБСП: Не возете под дејство на алкохол!

Следно

Јужнокорејска разузнавачка служба: Во војната во Украина убиени се 600 севернокорејски војници

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop