РСБСП: Не возете под дејство на алкохол!

April 30, 2025
1 min read

По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи и да се вози одговорно.

Посочуваат дека во пресрет на претстојниот празник се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на патиштата кон туристичките и излетничките места.

  • Не возете под дејство на алкохол! – Алкохолот ја намалува способноста за реакција и ја зголемува веројатноста за несреќи со тешки последици. Возете одморени – бидејќи возењето под замор е опасно исто како возењето под дејство на алкохол. Почитувајте ги ограничувањата на брзината – Прилагодите ја брзината според условите на патот, времето и фреквенцијата, односно густина на сообраќајот. Секогаш користете сигурносен појас – Ова важи и патниците на предните и на задните седишта. Не користете мобилен телефон додека возите – Фокусот секогаш треба да е на патот. Планирајте го патувањето однапред – Проверете ја состојбата на патиштата, избегнувајте замор и правете паузи при подолги патувања. Возачите на мотоцикли и мопеди и лицата кои се превезуваат на нив задолжително на глава да носат сигурносна опрема – кацига, се вели во соопштението.

РСБСП апелира да се почитуваат пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот.

  • Секој изгубен живот на патиштата е ненадоместлива загуба! Затоа, да празнуваме со почит кон животот и здравјето, бидејќи безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас! РСБСП ви посакува среќни и безбедни првомајски празници, се наведува во соопштението.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес го погоди Крит

Следно

СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни!

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop