Ердоган во Рим: Веруваме во континуираната поддршка од Италија за членство на Туркије во ЕУ

April 29, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изрази верување дека Италија, која, како што истакна, ја поддржува кандидатурата на земјата за членство во Европската Унија „од самиот почеток“, ќе продолжи да го прави тоа, јавува Анадолу.

Ердоган ја даде оваа изјава на прес-конференцијата со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим, каде што присуствуваше на четвртиот меѓувладин самит на Туркије и Италија.

„Анкара ќе продолжи да ја зајакнува соработката со Италија, која постигна значителен напредок во одбранбената индустрија, преку нови партнерства и проекти“, додаде претседателот.

Тој дополнително објави дека за време на самитот Анкара и Рим поставиле нова цел за обем на билатерална трговија од 40 милијарди долари.

Велејќи дека на самитот разговарале и за регионални и глобални прашања, Ердоган додаде дека Туркије ќе продолжи да соработува со Италија на долгорочни одржливи решенија за зачувување на стабилноста и просперитетот во северноафриканската земја Либија.

„Приоритет на Анкара е итно враќање на прекинот на огнот во Газа, каде што дури и влезот на хуманитарна помош не е дозволен во последните два месеца“, рече Ердоган.

„Во Сирија моментно сме фокусирани на обновата на земјата, зајакнувањето на нејзините институции и зачувувањето на нејзиниот територијален интегритет“, додаде турскиот претседател.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелските напади во Газа убиени уште 51 Палестинец, билансот се приближува до 52.400

Следно

Новата потрошувачка кошничка ќе биде „просечна“, а не „минимална“

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип се приклучи на „Генералка викенд 2026“

Во Општина Пробиштип започна еколошката акција „Генералка викенд 2026“, со која се испраќа порака за поголема грижа за животната средина и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Коњановски: „СИ-ДО“ три децении ја негува детската музика во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на одбележувањето на 30-годишнината од детскиот музички фестивал „СИ-ДО“, при што порача дека фестивалот претставува значаен дел од културниот идентитет на градот и симбол на

Божиновска во интервју за Макфакс: Енергетската безбедност се гради со диверзификација и домашни капацитети

Во услови на продолжена геополитичка неизвесност, енергетската безбедност стана стратешки приоритет за сите земји. Како Северна Македонија ја приспособува својата енергетска политика на оваа нова реалност? Геополитичките случувања, без разлика дали се

ВЛЕН утре влегува во нова ера: Пет партии се спојуваат во еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН утре, на 9 Мај – Денот на Европа, ќе одржи Конгрес на обединување на кој пет политички субјекти и официјално ќе донесат одлука да настапуваат како единствен политички субјект во
Go toTop