Обвинителството ги повика семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот

April 29, 2025
1 min read

Јавното обвинителство упати покана до семејствата на настраданите во пожарот во Кочани доколку сакаат подетално да се запознаат со сите аспекти од истражната постапка, во текот на утрешниот ден да остварат средба со јавниот обвинител и со обвинителите кои постапуваат по предметите. 

Како што е наведено во соопштението од Обвинителството, семејствата на настраданите треба да назначат најмногу по еден член од семејството кој би присуствувале на средбата. 

– Во текот на утрешниот најавен протест на семејствата на жртвите во пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, Јавното обвинителство поканува на средба претставници на семејствата кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка. Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите) кои ќе остварат средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите кои постапуваат во предметите, се наведува во информацијата од Обвинителството.

Семејствата на настраданите во пожарот во Кочани за утре најавија протест во Скопје.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фан на Евертон со лукав план ја саботираше шампионската прослава на Ливерпул (ВИДЕО)

Следно

Лидерот на канадските конзервативци го призна поразот и му ја честиташе победата на премиерот Карни

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop