Ќе има ли предвремени парламентарни избори заедно со локалните на есен или во друг термин?

April 28, 2025
1 min read

Три  опции на политичка маса пред Христијан Мицкоски – локални избори во октомври, кои би можеле да предизвикаат и парламентарни напролет следната година или пак двојни односно локални и парламентарни, – ова според висок владин функционер се можните сценарија за кои размислува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Христијан Мицкоски. 

Дека  прашањето паралемнетрани избори виси над Илинденска, индиректно потврдува и Мицкски кој ниту од Собранието  во четвртокот, а ниту во последното сооопштение по вчерашниот ЦК на неговата партијата не прецизра на какви избори се подготвува за победа.

– Информирав дека во идниот период продолжуваат испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ кои покажуваат неколкукратна предност пред политичките конкуренти, но и дека треба да исполни одговорноста за преземените ветувања пред граѓаните. Христијан Мицксоки на ФБ.

На состанокот на ЦК на партијата се почнала и официјално процедуварата за локални избори. Според истиот функционер, Мицкоски се уште најмногу го боли глава за Скопје, односно дали да застане зад Орце Георгиевски или Златко Перински. Речсии над 90 % од актуелните градоначалници ќе добијат нова шанса за нов мандат. Според истиот брифинг, паралелно Мицкоски работи и со коалициите и поддршка на дел до кандидатите на Вреди и Знам уште во првиот круг.

Според неофицијалните информации со Вреди виси Кичево и Струга, додека со Знам како што веќе објави ТВ 24 фиксни во агендата на Димитревски се Центар и Куманово. ДУИ и Европскиот фронт кој што го предводат пак чекаат Мицкоски да пресече дали ќе има предвремени, а дотогаш се опипува пулсот за евентуална соработка меѓу опозицијата во албанскиот и македонскиот блок.

Според извори на ТВ 24 од партијата на Села и СДСМ, се очекува средба помеѓу Филипче и Села, а првичниот контакт бил направен во петокот меѓу лидерот на СДСМ и и екс-министер за правда Кренар Лога во петокот. А се најавува и средба меѓу Филипче и Арбен Таравари. Лидерот на СДСМ утре официјално ќе побара овалстување на ЦО на партијата за коалиции. Од Бихаќка тврдат евентуални предвремени избори нема да ги изненадат. 

ТВ 24 веќе објави дека Филипче дал пас за Геарсимовски за Центар, Комненовиќ за Чучер Сандево, Христовски за Крушево, Митовски за Крива Паланка и Николов за Росоман. Од Вреди пак се фокусирани на обединување во една партија, но и заеднчки листи и заеднички кандидати.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Газа им припаѓа на Палестинците исто како Западниот Брег и Источен Ерусалим

Следно

Денот на Европа ќе биде одбележан со хуманитарна трка за Кочани

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop