Лондон сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 година

April 28, 2025
1 min read

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, сака градот да се кандидира за домаќин на Олимписките игри во 2040 година. Ова ќе биде клучен дел од неговиот план да го претвори најголемиот град во Велика Британија во водечка глобална спортска престолнина.

Според извештај објавен денеска, градот остварил приходи од 230 милиони фунти и привлекол речиси 500.000 спортски фанови само од организација на шест настани, вклучувајќи го финалето на Лигата на шампионите на „Вембли“ и атлетскиот турнир од Дијамантската лига.

-Јас го сакам спортот и ги гледам придобивките од неговото гледање. Мислам дека треба да направиме извештај што ќе го покаже економското влијание што спортот го има врз градот. Мојата амбиција отсекогаш била Лондон да биде светска спортска престолнина. Не е важно дали зборувам за бокс, НФЛ или бејзбол. Зборуваме за тоа како НБА ќе ја донесе кошарката во Лондон. Мислам дека тоа е многу важно. Она што го прави овој извештај е да ја квантифицира економската дивиденда што ја добиваме, изјави Кан за „Тајмс“.

Моментално е во тек кампања за Лондон да биде домаќин на Светското првенство во атлетика во 2029 година. Се очекува владина поддршка од 45 милиони фунти пред да се поднесе официјалното барање во септември оваа година.

Оваа година, Лондон ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство во рагби за жени. Англија, Ирска, Шкотска и Велс ќе бидат ко-домаќини на Европското првенство во фудбал во 2028 година. Земјата, исто така, моментално е кандидат за домаќин на Светското првенство за жени во 2035 година.

Доколку градот биде избран за домаќин на Олимписките игри во 2040 година, тој ќе стане првиот што ќе биде домаќин на најголемиот спортски форум четири пати. Претходните случаи беа во 1908, 1948 и 2012 година.

-Сакам да го видам Лондон како првиот град што ќе биде домаќин на Олимписките игри четири пати. Ако го добиеме и Светското првенство во атлетика, тоа ќе биде многу добро за развојот на спортот и ќе ни овозможи да ги имаме новите Мо Фара и Пола Редклиф, додаде Садик Кан. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Киев: Доколку Русија сака мир, мора веднаш да ги прекине непријателствата во Украина

Следно

Мицотакис најави модернизација и надградба на безбедноста на грчката железница

Latest from Blog

Пумпните хидроцентрали – ’рбетот на европската енергетска транзиција

 Во Париз неделава беше лансиран „Парискиот завет“ — иницијатива на IHA и Eurelectric што ја обединува европската хидроиндустрија околу една цел: пумпните хидроцентрали да станат „’рбетот“ на европската електрична мрежа, каде со

Албанија ја добива првата виртуелна министерка создадена со помош на вештачка интелигенција

 Виртуелната жена облечена во традиционална албанска носија е наречена Диела, што на албански значи „сонце“, а ќе биде додолжена за одлуките за јавните тендери… очекувања на премиерот Еди Рама се дека на

Алегри го одби Џака бидејќи е премногу бавен, а ПСЖ бидејќи е лига на „ергени и женети“

Седумкратниот европски шампион Милан отвори ново поглавје ова лето со ангажирањето на трофејниот италијански тренер Масимилијано Алегри за главен тренер, а додека го чекаме исходот од неговиот мандат на Сан Сиро, веќе

Фатен осомничениот за убиството на Чарли Кирк – таткото клучен во неговото апсење

Маж осомничен за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк е уапсен, а клучна улога во неговото предавање одиграл неговиот татко, објави CNN, повикувајќи се на извори блиски до истрагата. Според информациите, 22-годишниот

„Мајкрософт“ се согласи да овозможи интероперабилност со конкурентските алатки за комуникација

Компанијата „Мајкрософт“ се согласи на измени во своите практики со цел да ја отстрани загриженоста на Брисел поради поврзувањето на популарната платформа за тимска соработка Мајкрософт Тимс со нејзините апликации Ворд, Ексел,
Go toTop