Киев: Доколку Русија сака мир, мора веднаш да ги прекине непријателствата во Украина

April 28, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Киев денес соопшти дека Москва мора „веднаш“ да ги прекине непријателствата во Украина доколку навистина сака мир откако рускиот претседател Владимир Путин објави едностран прекин на огнот на три дена, јавува Анадолу.

„Доколку Русија навистина сака мир, мора веднаш да го прекине огнот. Зошто да се чека до 8 мај? Ако може да се прекине сега или кој било датум во рок од 30 дена – тогаш тоа е реално, а не само поради парада“, напиша украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека Украина е подготвена да поддржи траен и целосен прекин на огнот, додавајќи: „Ова е она што ние постојано го предлагаме, најмалку 30 дена.“

Претходно Путин нареди прекин на сите воени дејства во Украина од полноќ на 7 и 8 мај до полноќ на 10 и 11 мај, кога Москва се подготвува да ја одбележи 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија за време на Втората светска војна

Денот на победата е празник што се одбележува во Русија и во повеќе поранешни советски земји на 9 мај, во чест на капитулацијата на нацистичка Германија во Втората светска војна, конфликт што Русија официјално го нарекува Голема татковинска војна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Кос: Мора да застанеме против автократиите – Кошта од Софија: Ќе работиме со Македонија за надминување на проблемот

Следно

Лондон сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 година

Latest from Blog

Жителите на Голо Брдо повикуваат на итна инфраструктурна интервенција од државата

Во отворено писмо, граѓанинот Садет Даути од областа Голо Брдо се обраќа до највисоките државни институции со силен апел за итна интервенција во инфраструктурата во областа Голо Брдо подрачје. Тој бара асфалтирање

Ново законско решение за поефикасна контрола на индустриското загадување

Собранието денеска го усвои Законот за контрола на индустриски емисии, со кој индустриските капацитети во земјава ќе мора да работат според најдобрите достапни техники (НДТ), како дел од усогласувањето со европските еколошки

Селекторите на Венецуела и Перу добија откази

Венецуела го отпушти селекторот Фернандо Батиста откако не успеа повторно да се квалификува за Светското првенство. Венецуела, единствената јужноамериканска репрезентација што никогаш не играла на Светско првенство, стигна до последното коло од
Go toTop